Понесени од основната идеја на нашата професија, Македонската Медицинска Студенска Асоцијација, Ве поканува да ја споделиме нашата визија и потврдиме нашата хумана мисла. Да ја покажеме нашата хуманост и да ја вратиме насмевката на Игор, Спасе, Никола и Филип.
Лабрадорката Ева која ни честита Нова Година, се загуби. Нејзината сопственичка, Кристина, нè замоли, а ве моли и вас, да помогнете да ја најдеме. Секоја информација е добредојдена.
Да ја покажеме нашата хуманост повторно на дело. Томица Стојковиќ има само 12 години, а веќе стои исправен пред проблемите на животот. Ние можеме да помогнеме да ги преброди за да продолжи да живее и да има среќно детство, како што заслужуваат сите деца.
Ова не е типична хуманитарна акција, но се решивме да дадеме свој придонес колку е можно за решавање на случајот. На видеото се гледа една сигурносна камера како фаќа крадец во центарот на Скопје. Доколку го препознавате момчето, напишете ни нам или во коментар на Јутјуб видеото.
Ве покануваме на Саемот на книга да го посетите нашиот штанд со изложбени фотографии кои ќе се продаваат хуманитарно за Јоце. Секоја купена фотографија, значи ваша донација, а може да донирате и во некоја од поставените касички на самиот штанд. Со секоја купена фотографија добивате и гратис календар за 2012та година со истите тие фотографии од наши познати фотографи.
На 27 април 2012 со почеток од 17 часот, во Младинскиот културен центар, Зелената арка со гордост ви ја претставува веселата мешавина од работилница, изложба, филм и добротворен концерт. Средствата собрани од концертот се наменети за почетокот на реконструктивните зафати при обновата на поранешното основно училиште во Серменин, каде што подоцна ќе се основа првиот Образовно истражувачки центар за Пермакултура во Р. Македонија.
Младинската организација Креактив и средношколците од PTPI Skopje creACTive Student Chapter во среда на 11 април 2012 во 20 часот организираат хуманитарен настан во клуб и ресторан МКЦ. Настанот ќе се одржи со цел да се приберат средства и да се донираат во Детската клиника во Скопје. Затоа да ја покажеме нашата хуманост и да покажеме колку нашето срце е големо. Да помогнеме за подобра клиника на децата.
Млади за Љубов и Clubbers Gone Wild ве покануваат на 17ти март (сабота) да присуствувате на хуманитарна забава во кафе Proto (до Giradiko на ул. Македонија). Целта е да се соберат средства за бебенцето Матеј Кузмановски кој боледува од тешка кардиопатија и неопходна му е трета операција на срцето во Софија за која неговите родителии немаат финансиски средства.