Тие имаат едно прекрасно синче, Стефан, кој е радоста на нивниот живот, но е повод и за многу тага бидејќи Стефан боледува од церебрална парализа. За да не биде тоа сè, неговите родители како и тој, преживуваат само од една социјална помош со кои тие обезбедуваат колку-толку храна и лекови со коишто би се намалиле нападите кои ги добива Стефан.
Затоа од среда (22 февруари) до петок (24 февруари) од 10 часот до 14 часот во холот на Филозофскиот факултет ќе биде поставена кутија за донации кај којашто ќе стојат волонтери каде што може да се информирате за целата акција и за сите цели и залагања на Клубот на Млади на ООЦК Центар.
Ве повикуваме сите да одвоите дел од вашето време и да донирате и најминимален прилог во касичката. Со тоа ќе им помогнете на Стефан и неговото семејство, со купување на апарати за домаќинство, храна, хигиенски средства и долгоочекуваниот лек за Стефан.
Волонтерите на ООЦК Центар изразуваат голема благодарност и до Филозофскиот факултет, до деканатот, кој им излезе во пресрет за одржување на акцијата... БИДЕТЕ ХУМАНИ, ДАРУВАЈТЕ ОД СРЦЕ, ВЕРУВАЈТЕ ДЕКА ВРЕДИ!
Црвен Крст
