Афродита

Распитот на Дедо МразКога бев мала имав еден страшен проблем кој ме мачеше доволно долги години. Тој свој проблем го ставав на исто рамниште на најголемите секојдневни домашни и светски проблеми кои денес ги мачат луѓето. Со други зборови прашањето : Дали постои Дедо Мраз и од каде влегува кај мене дома, кога немам камин, а оџакот ми е претесен?

Повеќе...

АфродитаИмам еден многу драг пријател кој е заљубен во филозофската мисла и изразување. Нејсе таа љубов, проблемот е што смета дека ако користи зборови кои се комплетно несоодветни, замрсени и комплицирани доловува поента на генијален ум. Понекогаш тоа ми делува смешно, а понекогаш тажно.

Повеќе...

Афродита“Драг, Џон Ленон

Денес се бележат токму 30 години од денот на твојата смрт. Овде пријателе ништо повеќе не е исто. За жал, не можам да ти кажам дека сè е по старо. Не е. Јас не живеев во твоето време кога ја сееше својата идеологија, но, во недостиг на модерни херои често го вртам лицето накај твоето дело...

Повеќе...

АфродитаФаќам еден од последните возови за да напишам есенски текст. Сигурно Ви текнува на старата школска задача. Дојде ли есен, доаѓа наставникот по македонски и вика: Ајде дечки пишувајте за есента. А ти си викаш: Мајката, што да напишам , а да биде различно од лани и полани?

Повеќе...

Бал под маскиПрекрасно е Скопје штом ќе дојде вечер...???

Никогаш не сум го сакала ноќниот живот на Скопје. Ме потсетува на маскарада, во која никој не е свој, и тоа чувство не се смени низ годините. Напротив, само се потврдува.

Повеќе...

Книги за самопомошПонекогаш ми е криво што ги немаме методите на мрачниот среден век, кога секоја "богохулна"  книга била палена на клада без проблем. Добро, додуша тогаш се палеле и вештерки , но јас би се задржала сега на првиот дел.

Повеќе...

Лошите момци што кршат кичмиМногу добро знаете за што зборувам драги мои дами. За вечниот проблем на жените да се врзуваат за чисто сурова сила. Лошите момци кои најчесто се обични насилници, а не "бунтовници" како што сакаме нагалено да ги наречеме, не следат од градинка до крајот на животот. Сè започнува со оној малечок насилник кој во градинка ги тегне девојчињата за коса. Истиот тој на улица е оној на кого сите му се плашат.

Повеќе...

Woman without her man is nothingЕден професор на часот по англиски јазик напишал на таблата “Woman without her man is nothing” и побарал од неговите ученици да ја напишат реченицата така како што тие сметаат дека е интерпункциски точно. Мажите напишале “Woman, without her man, is nothing” , а жените  “Woman: Without her, man is nothing".

Повеќе...

Фатална опсесијаНе сте истата личност,  и тоа веќе некое подолго време. Не ви се зборува, се дружите само сами со себе, и однадвор и одвнатре сте изобличени. Имате чувство дека никој не ве разбира. Веројатно храната е последното нешто на кое помислувате, а и да почувствувате глад ви се првртува помислата од тоа да ставите нешто в уста. Депресијата ви е најдобар пријател, и полека но сигурно, ја губите реалноста од под нозете од само една причина. Опседнати сте. Потребен ви е егзорцизам под итно, инаку ќе се збогувате со ликот кој го познавате во огледалото.

Повеќе...

АфродитаМногу ги сакам луѓето кои држат до себе, не оние лажно принципиелни човечки суштества кои користат  остри, а сепак лажни зборови и свиваат веѓи како да ја откриваат тајната на светот додека ви зборуваат, туку оние со ѓаволски поглед и пргава душа која останува отпорна и покрај тоа што целиот свет сака да ја омекне.

Повеќе...