introdaksn 

Како новопечен колумнист, должност ми е да ви се претставам (не во кратки црти, не познавам клинесто писмо ) накратко ...

Сметам дека приватниот живот и деталите околу тоа - кој стои зад псевдонимот АМЕЛИЈА се непотребни информации.
Предлагам да ме читате се додека читајќи газите по тло од кое испарува интригантност по ваш вкус.

Живеејќи во денешниов свет , дишејќи веќе изџвакан и сварен кислород , преку тишината со која пишувам - најгласна ќе бидам во сечиј ум. Насушна е потребата од гласен молк.

Некогаш ќе излетам од лентата на „ лапни - голтни “ содржини и не сакам за зло да ми се земат тие мои ескивирања.Се е перфектно исцртан круг, се додека не се решиш да го исфрлиш шаблонот.

Немам многу големи парчиња живот откинато , но гледам и слушам дека во многу сфери трендот уште живее шаблонски (ползејќи по кругот) , токму тоа е причината што ме повлече во светот на двосмисленоста - иницијатор е новово време , кое на момент знае паронимски да се претвори во бреме.

Како и да е , секогаш после олујата и налетот на критицизам , ќе бидам тука да ви ги измијам намутените чела со бран позитива и оптимизам , не дека сум некој фан на романтизам !

Сега дојдов и јас на ред да земам десерт.
- Дај и за мене парче од колачот „БРКАЈ РАБОТА“ !
P.S. Може и репете

banerIscelitelMilenium