Додека голташ мед од срце и горчлива мисла, сети се на неа...

Пардокс е, животот. Се протнуваш низ бодликава жица - успешно, а уште имаш рани по телото.

Додека седиш очекувајќи зборовна динамика од мене (моментално) нема да добиеш. Динамиката има сложена дефиниција, а практично е многу едноставна - доаѓаме до точката дека е убава. Што ако јас немам таква намера? Овој епитаф е антонимен на убавото.

Жал ми е што немам виножитен ген. Сива материјализација потиснува се обоено. Моето време ме одминало, разминало, заборавило... не ја ни запознав мојата утеха. Наместо кутија чоколатца, кавијар ми нудат.

Таа е само капка, само дел од алхемиска формула. Лошиот математичар, со грешни константи - ќе го убијат последиците!

Сите го сакаат тој удар, што некогаш може и да те промаши...

sloboda

Колку е грозоморно кога на режисерот му се лизга примариусот низ рака, а неговиот филм е режиран од третокласен актер кој не му остава место ниту за ревизорна воздишка. Ужасна е глетката во моментите на внатрешна експлозија, кога спасот на ситуацијата лежи во соседот, а помош ти нуди недоверлив странец. Разочарувањата не познаваат ниту една наука, најмалку размер од математика.

Утеха можеш да видиш во бојата на ветрот, премолчениот збор и временскиот циркулатор.

Напиј се од крвта на еднорог, прескокни го времето. Нема да те боли ако следниот пат си точка на асфалтот или делче од мозаик. Нема да чувствуваш..затоа никогаш нема да плачеш.

Насмевка монтирај, лага изгравирај.

Промената ќе ти биде парадокс...ќе молчиш во море од солзи.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium