Кога фокусот ќе го заборавам на некоја кота од секојдневните средби со змејови и тигри во човечки лик, пред очи ми паѓа превез со бојата на овој микросвет. Микро и свет, две контрасти - без перцепции слепи.Мал, а огромен дупнат котел за индивидуи.

light

Сега, сакам да пишувам за една фото-психоделична појава без која би немало визуелен допир.

Светлина. 

Чудна е нејзината архитектоника. Таа е како врата - и открива, и покрива. Aко одам пред неа - сум во мрак, со неа во чекор - енормно ќе ги влошам перцепторите...најдобро е да ја пуштам пред себе да ме води по пат кој јас ќе го диктирам.

Онаа светлина, што ја осветлува внатрешнината, зрачи со енергија - која во зависност од душевната активност добива поларен карактер. Секогаш дефинирана, некогаш контрадикторна. Благословените што ја имаат - се каат, слепите - копнеат по неа. Лошо е само во зоната на самракот. Ниту светли мисли, ниту темен разум.

Како неологизам во дијалект, кружат гласините во иднината. Никој не гледа празен атом - убост божја - глас на птица - ветер низ треперлив дабов лист. Зеницата се шири на лажен сјај, роден од тие полови дејства на минливоста врз вечноста. Ирисот нивни е примитивен. Некогаш се случува за ваквите лапсуси да е обвинет правецот на ветрот и последиците се гледаат во токсичноста на надојдената космичка прашина.

Јас и понатаму продолжувам да газам по мирно тло, без да ја барам вината во атмосферски појави, климатски елементи и да се ослонувам на вишите сили во моменти на слабост што неможам да ја дефинирам. Доминацијата во еден живот, не е гаранција за благосостојба и во следниот.

Неизвесна е шемата, непостојана е среќата, краткотрајна е убавината...
На крајот на денот, лозинката за продуховеност си останува - НАСМЕВКА !

 

banerIscelitelMilenium