machor-vo-chvor-thumbСекогаш ми било полесно да зборувам кога сум прашан отколку да зборувам без прашање. Веројатно останато како траума од деновите кога бев основец, оваа „навика“ ако може така да се нарече, ме тера и да пишувам јавно за проблемите и прашањата кои ми се поставувани тајно.

Па, еве ги...

- Зошто ѕвониме на телефон кога сме пијани?

Ова ме праша денес другарка ми Марија. Чудна работа, ама навистина имаме желба да вртиме телефони кога сме пијани. Како потпрашање ми беше поставено, каде вртам јас кога сум пијан. Како прво и основно, Марија, јас сум пример за младата популација и не пијам, секогаш сум трезен, носам испеглани кошули со крагња и не знам да го кажам тој збор на македонски. Како второ и не толку основно, не вртам на телефони ниту трезен, ниту пијан. Но, вистина е дека сите што ги познавам го прават тоа. Веројатно зашто е најбрзиот начин да се стигне до личноста којашто сакаш да ја видиш во моментот. Кога би имале машини за телепортирање, не би вртеле телефони.

Пред пар децении, во сите филмови може да се види тоа, кога луѓе ќе се натрескаат поред шанк, пеат песни и си ја спомнуваат саканата од младоста, бившите или што ти ја знам, некои калуѓерки коишто им избегале за Супермен. Бидејќи во тоа време немале телефони, само зборувале и пееле за нив, сега им ѕвонат на телефон, кај и да е, ќе им се појавуваат на врата. Епа тоа време го чекам јас, да ми се појави некоја на врата, да и шибнам една меѓу рогови, пошто не се појавила на врата кога требало.

Чудно како луѓето се отвараат под алкохол. Тогаш се спремни и на искреност, спремни се да прават компромиси, само да имаат секс таа вечер со личноста што им лежи на срце. Да сум јас претседател на светот, ќе наредам сите да бидат како Обеликс или како Бендер од Футурама, вечно да си бидат пијани. Трезноста да се казнува со закон.

Многу убавини ќе донесе тоа во светот. Сите тепачки ќе се зафршуваат брзо и ефикасно зашто никој нема да има трпение да кова злобни, подли планови што бараат време, а да бидеме реални, никој нема да може да конструира пиштол додека е пијан, ќе го направи буренцето обратно, па ако сака да убива, единствено ќе се застрела себе си. Сите ќе сакаат да имаат секс, многу секс, па сите ќе бидат и поопуштени и порасположени. Единствена маана на целиот план е што нема да може да се биде толку многу трезен што ќе завршиш на токсикологија. Where`s the fun in that, huh?

Ама тогаш Марија ми постави ново прашање

- Зошто ни недостига старата љубов?

Види Марија, ниту ти имаш седум години да поставуваш вакви прашања, ниту јас имам седум илјади за да можам да најдам логичен одговор на ова епско прашање. Но, ако морам да се потрудам, би рекол дека е заради тоа што сме природно глупави. Дури, не сме глупави... глупави е добар збор, би рекол дека сме Глупи, за со неправилноста да се нагласи глупоста. Како што Бугарин е националост, ама бугар е дијагноза.

Глупи сме, зашто сме емотивно несозреани да можеме да преминеме преку луѓето коишто не нè ценат доволно. Секако, зборувам, за нас, луѓето коишто сме биле понижени и навредени и џабе сме го читале Достоевски, сме станале начитани, ама сме останале глупи. Да патиме по некој што направил будала од нас, единствено значи дека сме го заслужиле тоа.

Од друга страна, ако дечко или девојка се јави на пијано кај некој што го откачил, значи дека стварно е ретардиран и безосетен, и едно осум пати по глуп од овие во првиот случај. Првите се емотивно несозреани, ама вторите се ретардирани. Знаеш, за првите има шанси да се опраат, вторите ќе умрат со мислата дека успеале во животот. А замисли да им текне да се јават на трезно?! Ако првата реченица од вкупно осумнаесте не им е исполнета со „извини, извини, извини извини...“ единествено ти останува да се смееш и ти со нив како ретардиран и да се чудиш од која тегла извадил Господ од паметот кога тебе и нив им распределувал.

Животот навистина е краток кога ќе го погледнеш како целина. Но е магично долг ако погледнеш одвнатре на целата работа. Последниве пет години ми се случија толку многу работи колку што сите претходни не успеав да искусам помножено со десет. Ако го отвориш срцето и насмевката, нови прегратки доаѓаат сигурно. Кога тие ќе дојдат, претходните можат само да... ма батали ги, ниту тие нема да се сеќаваат на тебе по пет години, зошто би ги спомнувале сега ние!?

banerIscelitelMilenium