machor-vo-chvor-thumbСе изнаслушав и изначитав различни мислења околу Скопје Ремиксд, на крајот откако го читав блогот на внукот на Трајанка, реков, јебеш ти немам време, мора да запишам пред да заборавам.

Као прво, морам да нагласам дека тоа што ми нагласија дека не може да се нагласи добар или лош е филмот, е муабет на место. Не може, зашто филмот „Скопје Ремиксд“ не е дело на еден режисер, еден актер да го носи цел, па дури не знам ни дали еден човек го финансирал, али тоа мислам дека е небитно у целата приказна.

Мојот став за целокупното дело е, супер што се појави нов филм, зашто глупо е да кенка било кој дека било што произведено кај нас не чини и може да се фрли пошто имаме 45 филма годишно кои можеме да си ги прегледуваме секоја недела, а овој едноставно не ни треба.

Овој филм, мора да се разгледува поединчено и за секој краток расказ посебно и кога мене ме прашуваат што мислам за филмот, јас прашувам за кој од филмовите поточно мисли?!

Првиот, Скопска љубовна приказна не го видов апсолутно никако. Никаков впечаток не ми остави, како да беше небитен. Млак, како со недоволно сол во секој поглед. Можеби не бев уште загреан, ама нит видов некој спектакл, ниту ништо. Да дрога, ја имаме у Скопје, бајаги брате, али голем ташак, цел свет има дрога, не сме ние нешто ексклузивци на тоа поле.
Глумата просечна, идејата оскудна, жал ми Ставревски, не би сакал да бидам хејтер, ама не бев импресиониран, што и не е нешто страшно ваљда, куп луѓе и од мене не се импресионирани што го пишуем ова, па сум преживеал еве.

Вториот, наречен Брус Ли из а пуси, беше дебакл, дефинитвно. Јес да кровот пред ЈБТ ми е сон да го живам, посебно со такво зелено килмче од вештачка трева, али се надевам дека нема таква продукција да имам како на филмот. Идеја - ќе пројде, режија - солидно, Дејан Лилиќ - стандардно океј, ама зашто бе браќа Мирко Попов? Ме гледате ли мене со мојата префосија електроинженер да се фатам да поправам чешми?! И дефинитвно не ми е јасно како Оливер Митковски станал актер. Другар, извини, ама не ме бендисуеш. И онаа детска фора со Мики и Мини, дефинитвно можело да се одработи боље.

Третиот, цртичот Поган Паган и четвртиот Среќни Краеви, ептен ми беа небитни. Поган Паган ми го задржа вниманието колку толку, ама Владимир Христов у дргуиов, ич не ми задржа внимание. Премногу геј за љубовна приказна.

Е, петката... Опера е петка. Искрен да бидам, немам поим кои се ниту Даријан Пејовски, ниту Ѓорѓи Клинчаров, ама режијата и камерата на ова парче владее. Плус, Александар Микиќ кој вообичаено не го поштуем многу како актер, овде одиграл совршено добро, од почеток до крај. Посебно ми се допадна односот доминантни партнери со Софија Куновска и Јовица Михајловски, одлично и прецизно одбрани глумци, сосема соодветни за улогите, плус си ги одработиле перфектно.
Све заедно е одлично скоцкано, музиката и камерата се комбинирани перфектно, приказната нема ни момент досада или вишок кадар, се знае точно кое делче каде е и зошто е, нема гњавење, поентата е јасна и сцените се одмерени. Плус, овој филм не знам ни дали има вкупно три моменти каде што можеш да речеш „па добро, сепак немаат милионски буџет“. Совршено е направен.

Шестиот дел, Свиркачот, ме освои со три моменти. Има еден дел кај што Дејан Лилиќ вика, „ај сеа бркајработа“, ме освои „Градот убав пак ќе никне“ и ме освои фе-но-ме-нал-на-та глума на Кирил Коруновски кој што совршено го доловил она што се бара од него, плус, брате моќно делуе, што го сакам у филм. Генерално добро скоцкано, мада мислам дека можело и боље.

Седмиот дел, е вториот по јачина којшто го носи целиот филм. Фото Финиш, со Камка и Милан Тоциновски. Втор пат во краток период е да ме изненади многу позитивно Камка, порано не ја сакав. Ме изненади непосредноста и опуштеноста, скопскиот акцент и одличното доловување на ѓаволот, плус, Камка е секси као ѓаволица. Ме освои и рапот, а и можеби најдобрите кадри на Скопје. Ипак, не гледаш секој ден македонски филм у којшто на тркачки мотори некој го поминува градот уздуш за двеипол минути.
У овој дел, поред сите други, поентата на филмот исто така највеќе ми се допадна. Треба со ѓаволот да се тркаш за да успееш у овој град. А дури и тогаш не ти е сигурно, освен ако пак не прелажеш нешто као што малиот фотошоп гение прелажа. Ипак, за одлична оценка, Камка и Милан се пресудни, одлични беа.

Мангава диско панк, као осмица, се надевав дека ќе бидат подобри, ама не беа толку моќни колку што сакав да се. Девојката што глумеше конобарка, Емра, кхм... сакам почесто да ја гледам на телевизија, за разлика од Натали и Лила, али... тоа е друг муабет.

На крај, Боите на љубовта. Досадно брате мили. Непотребни детали, музика дооолго кај што нема потреба, не можам да сфатам како тоа некој прави краток филм, а си дозволува празна сцена без акција од две минути. И исто така не можам да разберам зашто треба да има голотија на место акде од голотија нема потреба. Може сум конзервативен у овој поглед, ама што точно требаше да направат Јана и Сашко со тоа што голи ќе се гушкаат?! Го нема моментот да ја оправда голотијата, нема потреба од неа. Шо знам, ваљда за да може да ја има на најавана шпица и да дојдат поише луѓе у кино, така гледано, оправудвам, све за маркетинг.

И на крај, многу луѓе викаат „ама брат, поентата е битна“. Не тапчовци, не е САМО поентата битна. Маркетингот за кој последно зборев исто така е битен. Џабе е ако се има добра идеја, а таа не е реализирана совршено.

Али како што Ем Џеј ми рече во една дискусија, „не ни треба на сите да им се свиѓа, филмот е омнибус и е револуцинерен бидејќи за Скопје немало до сега и е наменет за една група на луѓе“. Мх, у право е... али они имаат платно, ја имам монитор. Ај сеа бркајработа.мк

banerIscelitelMilenium