machor-vo-chvor-thumbНемојте да лажете за сериозни работи. Немојте да лажете за сериозни работи зашто повлекуваат сериозни последици. Можеби изгледа како да не е нешто битно за вас, може ќе си речете дека никогаш нема да биде откриена лагата, може и ќе ви успее многу пати, ќе се навикнете, ќе се навлечете на дрогата, ама тој еден пат, тој проклет еден пат ќе биде доволно да сјебе нечија иднина, а потоа, ефектот пеперутка, не сакате да знаете до каде оди.

Кога луѓето се мрзливи, кога луѓето лажат, кога крадат, кога уценуваат, кога повредуваат... секогаш имаат оправдување пред себе зошто го прават тоа. Скоро секогаш и успеваат да се убедат дека се во право. Добро, не е многу тешко да се убеди човек во било што ако сака, дури и тоа дека не е лош човек или дека не е важно дали е човек добар и лош, туку единствено е важно ЈАС, само јас да бидам среќен, да успеам, да направам пари, да се забавувам и да бидам лојален вмровец. Можеби и во право е човек, можеби и да се биде шупак е океј.

Не знам колку е тешко да се процени, дали некому значиш? Колку е тоа тешко да се види во нечии очи? Можеби сум јас прокопсаниот па го гледам тоа, па бегам, па се отимам, како врзан со јажиња во сон, па пробувам да се ослободам мислејќи дека некој друг ме врзал, бегајќи од некој друг не гледам дека не можам да избегам од себе. Освен да се разбудам, ама кој сфаќа во сон дека сонува.

Имав еднаш, пред години и години една случка... то ест, лошо ја почнав реченицата. Имав пред една година, случки и случки кои ме натераа да мислам на овие стари дрталски години дека човек апсолутно никогаш не може да воспостави баланс со луѓето кои му се на дофат на рака барем еднаш неделно. Можеби не е така со светот, ама кој го ебе светот, светот не ме живее мене, ниту јас го живеам светот... Значи, можеби не е така со светот, којшто може да се ебе, но јас сум некако навлечен на некоја садомазохистичка емотивна игра од која не можам да излезам. Патем, ова е веројатно еден од текстовите кои најмногу го отвара мојот мачорски дух пред мониторот, а дури ни ракија не се напив. Патем, тоа е и збор кој сакам да го заборавам, бидејќи ми е позајмен. И не мислам на ракијата, ракијата си ја купив.

Имено... и презимено, навистина пред еден куп години, како тинејџерска или барем подоцнежно адолесцентска љубов ме стрефи една случка по која се откажав од барање емоции кај луѓето. Зошто - зашто ми ја шибнаа нормалната реалност во лице - кога даваш емоции, ти враќаат со иста мера, но на другата страна од графиконот. Веројатно воден од логичното разџмислување ја прифатив играта, па на графиконот си фатив позиција и ја шибнав и јас реалноста на една девојка. И види мајката, некако како да се качив на санка која се спушта по тој графикон и се санка, овој пат како глагол, по брдата на графиконот нагоре и надолу.

Сега, кога годините веќе ми дозволуваат бесплатен превоз во ЈСП и ми сугерираат бастунче, навистина сметам дека треба конечно да престанам со таа садомазохистичка игра. Затоа и се решив, имајќи го предвид првиот пасус, дека е време да почнам да си кажувам каков е мојот stand кога некој ќе дојде и ќе седне пред мене на санката. Ако седне зад мене, тогаш ги предавам уздите, ја бујрум, вози, ја скокам надвор.

Муабетот ми е, односно прашањето ми е, кога човек ќе стане свесен дека во меѓучовечките односи во овие години пред апокалипсата не постои шанса за изразување на сопствените чувства освен ако не се под превезот на лагата, како човек да успее да го задржи фереџето, но да ги одржи и емоциите во плус на графикончето по кое се санка?! Еве, можете да ми одговорите во коментари, со задоволство сакам да читам совети од непознати...

{jcomments lock}

banerIscelitelMilenium