machor-vo-chvor-thumbИмам обичај, и желба, да го слушам Џорџ Карлин повремено и највеќе се радувам кога ќе налетам на некое парче кое не сум го начекал порано. Не знам како е возможно, но никогаш не сум го гледал на „Inside the actor`s studio“ каде практично го открива својот живот.

Да не дрвам за нешто што не ве интересира, како Џорџ Карлин...

На едно место вели, подобро кажано им се обраќа на студентите насобрани во салата да го слушаат... вели, немојте да се откажувате од своите сонови, ако сакате да бидете нешто, одете со сите сили, па потоа раскажува како тој станал дел од Холивуд и телевизијата.
Веднаш потоа, се обидувам да ги поврзам моите сонови и она што сакам јас да бидам со шансата неговите и нивните, американски, сонови да станат реалност.

Македонија е официјално дел од земјите во развој, значи не е дел од западот, ама демек не е ни Африка, па ако навистина сакаш нешто, тоа нешто и можеш да го постигнеш. Но, колку навистина луѓе вие познавате кои ја работат работата што од мали ја сакале? Познавате ли авијатичари, познавате ли биолози, научници, славни математичари, не знам што све не сакавме како мали во школо, во основно. Вујко ми како дете сакал да биде ѓубреџија, фала Богу не станал, ама зошто тоа да биде нешто кое е недозволено?!

Македонија е место каде соновите не значат ништо. Кај нас шаблонот на живеење и преживување е строго запишан и никој не се осудува ниту да помисли да скршне од него. Не можете да бидете етнолог или хемичар, да бидете писател, да бидете комичар како Карлин. Тие места се резервирани за некој друг. Некој кој не сакал да биде тоа, но морал. Вие сте студирале правен/економски/медицина. Честитам, работите нешто што не ве прави среќни или сте доволно глупави да немате поим дека нешто друго во прави среќни. Оние кои студирале нешто што го одбрале бидејќи тргнале да трагаат по својот сон, сега се невработени или работат нешто кое не сакаат да го работат. Никој не работи во циркус, никој не е автомобилски тркач, никој не е сликар, никој не е брокер дури, во време кога економијата е се` иако брокери постојат во земјата, не е филмски, проклето досадно е да си брокер во Македонија.

Никој во Македонија не е Етнолог-истражувач, бидејќи не постои такво работно место, исто како што нема археолози, бидејќи никој не ги плаќа и не можат дипломираните археолози кои студирале од љубов да го работат тоа цела година и да ги плаќаат сметките.
Никој во Македонија не е писател, поет... уметник. Не... мора да е колумнист, новинар или некоја слична нарачана професија која бара зборови, па во слободното време да биде писател. Ниту еден глумец во Македонија не е само глумец. Не, така се плаќаат само сметките, ама не и одморот на планина. Мора да чита реклами надвор од театрот, да сними некој филм во годината и да се исценка за некоја серија плус, за да живее како човек, не како скот.

Никој во Македонија не е спортист. Спортист е нешто резервирано за надвор од Македонија, бидејќи во Македонија, луѓето се откажуваат од спортот за да студираат политички науки. Јадри момци од два метра и осум кои не ги собира во школска клупа, седат и бубаат лошо преведени скрипти и се надеваат дека подоцна нема да мораат да бришат прозорци, туку да бришат/сторнираат сметки во некоја приватна компанија и да се молат дека нема да ги уапсат за криминал.
Спортот во Македонија е хоби, дополнителна, парт тајм, работа за оние кои сепак не сакаат турски серии.

Во Македонија не може да се биде ништо кое што сте сонувале како деца. Не ви е дозволено ниту да сакате да кроите лозје, зашто тоа е за „сељаци“. Не смеете да посакате ниту да бидете бришачи на прозорци на високи згради, зашто тоа е работа за сиромашни, вие морате да одите на факултет, да учите нешто што не сакате, да станете нешто што не сакате, пошто знаете, комшиите ќе зборат, добра фамилија, ама синот наркоманче изгледа е...

Џабе ви е... во Македонија сте се родиле, заборавете на соновите. Тука сите се правници и економисти. Студирате свирење на флејта, заборавете на иднината. Во оваа земја ниту соновите не се дозволени, а камо ли да остварувањето на истите...

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium