machor-vo-chvor-thumbЗначи, сум пишувал за лажењето, за лагите и за манипулациите едно миљон пати тука на овие сино-сиви страници, ама некако сум толку многу импресиониран од целата таа научна дисциплина, плус секој ден морам да излезам од дома или да пролистам Фејсбук... што, мислам дека треба да се оформи комплетно нова религија, базирана на Христијанството, но со десет нови Божји заповеди.

Еве, да речеме дека јас сум Господ, што не велам дека и сега не сум, но за оние кои се еретици, еве, „да речеме“ дека сум Господ. И си седам дома, мезам шопска, џапам жолта на ситно, гледам у таван зашто пуштија реклами на пауза од собраниска седница и викам, морам да направам нови заповеди, работава не оди вака. Мислам, види ја ситуацијава, пуштаат лаги во етер, како интермецо од давање луѓе кои зборуваат лаги. Земам парче од последниот дневен весник, полн со лаги, го вртам позади, до хороскопот полн со лаги каде што има простор и пишувам:

1. Јас сум твојот лажен Бог, да немаш други вистински или лажни Богови освен мене.

2. Не почитувај никакви идоли освен ако си глуп. Лажни се.

3. Не го употребувај напразно името Божјо, сите и онака знаат дека лажеш.

4. Не лажи во сабота, освен ако не ти даваат двојна дневница.

5. Почитувај ги својот татко и мајка, луѓето се убиле од лажење да те убедат дека луѓето не лажат.

6. Не убивај пред да смислиш добра лага за тоа како да се извадиш или ако немаш пари за да поткупиш судии.

7. Кога вршиш прељуба, смисли однапред добро алиби.

8. Кога крадеш, смисли однапред како да не те фатат или имај пари за да поткупиш судии.

9. Пред да сведочиш лажно, вежбај ја лагата доволно пред огледало за да бидеш сигурен дека си уверлив.

10. Не барај ништо од комшиите, излажи ги дека не ти треба нивното, кога ќе заспијат, премини на заповед број осум.

Сега, речиси сите кои го читаат текстот, прво ќе дознаат дека некои точки немаа поим дека се божји заповеди, особено она за точка четири. Згора на тоа, сите излажале барем еднаш дека ги знаат божјите заповеди, као, не ми се битни, ама ги знам кои се, јас сум добар христијанин, не морам да ја имам прочитано Библијата за да бидам добар верник. Глупите атеисти и мрчатори ќе лажат дека ги знаат бидејќи мораат да знаат што хејтаат, за на крајот да имаме едно големо купче дебили кои лажат за една тотално небитна работа како десетте божји заповеди, кои се сведуваат единствено на две точки кои модерниот човек ги почитува и тоа само заради една лицемерна, да не речам лажна, причина, а тоа е дека не сакаат да чмаат по затвори. Тоа се, не убивај и не кради. И толку.

Убавината во оваа прикаСка за лагите, е што како во сказна-приказна, како во бајка, сите се сложни дека ги почитуваат заповедите. Добро, оние со тетовирани крстови малку повеќе лажат. Сите тие како од пушка ќе кажат дека веруваат во Исуса Христа и тоа токму во моментот додека и опашуваат шамар на жената, онака наопачки, од доле. Или „почитувај ги своите родители“. Па кој не украл пет денари од кусурот од леб за флипари, детство имал ли? Ама неее, сите ние си ги поштуеме родителите, плус не крадеме никад. Добро, освен тие пет денари за флипери. Коа сме на муабетот, колку пари се сеа флиперите, знам дека ги има на оние туристички места заглавени во времето на Понтиј Пилат, како Преспа и Дојран?!

Добро, дека луѓето лажат, факт е. Дека многу лажат, исто така. Ама искрено фасцинантно ми е што луѓето веќе не се ни трудат да биде лагата доволно добра за да изгледа како да е вистината, барем за оние ситни нешта кои некогаш во меѓучовечките односи значеа СЕ. Пред некое време ми откажаа договорена работа цела недела однапред со еден ваков муабет - „не можам да дојдам брат, комшиите кречат“. Гледам со фаца како :O на Фејсбук, викам кој ли му е комшија, Урко? Па не го пушта, мора да помага? Јебем ли га, шо поглупа лага тоа боље.

Кога ќе размисли човек, особено на мои години, кога ќе се присети на своите лаги, апсолутно мора да се сложи дека што поглупа е лагата, тоа поуспешна е. Највеќе јас сум лажел во животот, за да ќарам нешто во кревет. Или на фотеља. Или на земја, сеедно, може и во кола, во природа, во тоалетот на рандом дискотека во подрумот на ГТЦ, било каде де...
Еднаш, речиси трезен, и` реков на една девојка, ајде да одиме надвор, ќе седиме во паркчето каде што е темно. Пораката беше јасна, па добив и... „не не, добро е тука“. Сепак, девојката доволно фина, ме остави да испијам уште некоја пијачка па да и се обратам пак. Сега веќе и не баш речиси трезен, првата лага што ми текна после три реченици беше „еј, имам дома Фикус во форма на вагина, сакаш да го видиш“. Девојкава збесна, као, нема шанси, морам да го видам тоа чудо. Што ли ќе се десеше ако и кажев дека имам двегодишен син, ама избеган ми е, па ми треба помош да го побараме низ спална. Сквиртање.

Ајде, тие обични лаги биле и ќе бидат, мора секое љаксе да облече лаковано кондурче за да изгледа као битен фактор во општеството и да ќари девојче за да го тепа, а тоа да му готви, ама како ми е жал за оние битни ствари, уф. Каму бре збор, чест, факинг беса да видам у чаршија. Јок бато, профит, лага и потсмев, само тоа ќе добиеш.

Вчера на Стража застанувам и влегувам во она, мегапопуларно од кај што не може да седнеш, а да не се „тагнеш“ - Мекиците на Стража, викам, на одење накај езеро сте ми вратиле 20 денари повеќе, забележав во кола, еве, да ви ги вратам. Ме гледаат тројца на каса, со главите како на кучиња свртени во стил „дечко, мраз да не ти треба, температура изгледаш имаш“.

Лага... само лаги. Не е дека се жалам, безброј пати напишав дека лагата го движи светот и се` уште мислам дека е така, само ми е жал што и сам немам избор освен да кимам со глава кога ме лажат во очи и да велам да... да, ти верувам... и со тоа да лажам дека верувам.
Ма, кого лажам, не ми е гајле, сакате да се лажеме, ајде да видиме кој може подобро. Ич не ми е жал за тоа што сите лажат. Впрочем, зборот жал, потекнува од старословенски и значи токму лаж само свртено наопаку, односно „жал ми е што ќе ти дадам лаж“. Не верувате, нека провери кој не верува, јас никогаш не лажам.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium