Мачор во чвор

machor-vo-chvor-thumbДенеска е српска нова година. Денес, обврска на секој Македонец, без разлика какви политички сипаници има фатено, е да замижи пред велесрпството и да се почувствува горд Србин бидејќи на нашите поголеми братчиња мора да им се удоволи. Најважно, никој не смее да прокенка никаде дека ние единствено денов го познаваме како Василица или Стара Нова Година, бидејќи тоа е голема навреда на егото на секој Србин во оваа земја иако тие се речиси безгрешни, бидејќи речиси и немаат его, но со овој потег толку многу ги навредуваме, што почнуваат дури и тие да... бунцаат, што би баш они рекли.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbСамо што сакав да влезам дома, на вратата една трошна женичка ме поздрави и ми рече „знам дека е малку непријатно, но ми требаат пари. Детето ми е болно...“

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbСе навикнав себе си да се гледам во трето лице. Понекогаш помислувам дека сум со години во кома и со децении во клиничка смрт, живеам во чистилиштето на мојата лична Божествена комедија, пред вратата... и како да се двоумам дали конечно да влезам низ големата дрвена капија на пеколот или сепак да се симнам и да се проврткам по земјата уште некое време?!

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbПонекогаш, работите ви се сјебани. Нема друг збор за тоа, извинете, ама нема. Сјебани, значи дека она што ви се слува во текот на денот, неделата, месецот, по некогаш и животот, не ви се допаѓа, ама вие не можете да сторите апсолутно ништо околу тоа, ниту имате било каква моќ да ги смените работите. Вие... сте сјебани.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbОткако Маја се отсели, морам да признаам дека неколку денови се чувствував лошо. Сепак, постојаното удирање по тилот направи главата да ми се заобли и да изгледа грдо, но барем после толку удари веќе не ја чувствував истата болка. Всушност, воопшто не чувствував болка.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbТаа никогаш не ми ги сметала текстовите за нешто сериозно. Јас нејзините песни - исто така. Совршено различни сме, во секој поглед, а сепак, успеваме некако да најдеме заедничка тема којашто ќе не одведе до креветот каде што до сега за метафори немало место, чиста и директна мисла преточена во солена, а слатка капка пот. Сум и посветил безброј стискања на копчето „испрати“, секој пат сум рекол, ова е последно и никако да го погодам она вистинското... ова е приказна за чиста посесивност, онаа којашто се раѓа од утробата, не од умот на девојката.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbЈа препрочитував една година старата, но веќе легендарна колумна на Венко Андоновски - „Припитомување на правдата“ и ми дојде луда идеја во глава, морам да се спротиставам на ставот на професорот.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbКако црв кога ќе почне да копа неуморно низ ровка земја, така моите мисли го поткопуваат сето она во кое што верувам подолг период наназад. Мислам дека еднаш порано му се исповедав на Аладин или некој од неговите пријатели, па дури и го замолив за совет... за помош... да ми објасни како тоа е возможно мојата потсвест да биде толку моќна?!

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbЗошто свират? Никогаш нема да ми биде јасно, зошто додека колоната стои, некој ја заборава раката на свирката од својот автомобил. Пред локалната продавничка, ми дојде преку кусур една таква будала и тргнав да видам кој седи позади воланот и свири без прекин половина минута колку што ми требаше да стигнам од дома до продавничката. Доаѓам до него и ѕиркам внатре... Девојка.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbСекогаш сум бил и секогаш ќе бидам во опозоиција, без оглед на тоа кој е на власт, едните, другите, третите, клетите, зашто сметам дека вистински уметник каков што посакувам да сум, никогаш не може да се сложи со една власт, бидејќи секоја власт е репресирачка, а ниту еден уметник не смее себе си да си дозволи да биде слуга на репресијата, бидејќи токму спротивно, нему му треба слободата на говорот и експресивноста, без неа не постои.

Повеќе...

banerIscelitelMilenium