Мачор во чвор

machor-vo-chvor-thumbЗамислете, дека можете да го пропатувате светот. Замислете дека на дланка ви се во секое време сите убвини за кои знаете и не знаете, но ќе ги дознаете. Да ја прошетате Кина „уздуж и попреку“, да ги видите оние километарски полиња со ориз, да го истрчате како маратонец целиот кинески ѕид, да се дружите и со Монголите и да научите за тајните на Џингис Кан.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbСо оглед на тоа дека сум среќно разведен човек, неколку пати и тоа, мислам дека следната моја сопруга ќе ја барам на стандардниот американски начин - преку мојот маркетинг агент. А за среќа, иако тој не знае сè уште, мојот маркетинг агент работи со полна пареа и тоа за мое добро додека јас не му плаќам ниту еден единствен денар. Маркетинг агент е, само што тој сè уште не е свесен за тоа.

Повеќе...

Мачор во чворВо политиката особено, а и во секојдневниот живот, постојат луѓе коишто ги нарекуваме Спин-мајстори. Етимологијата на зборот е од англиското спин (spin) коешто едноставно значи врти. Кога ќе ги врзете двете, добивате луѓе коишто се мајстори во вртење.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbДа не заобиколувам, каснам на протест, сè во животот си бара тренинг и доколку еден период она во коешто сте добри го запоставите, сè ќе си замине како влажен сон, брзо и незабележано.

Повеќе...

Колку ми недостига таа девојкаМа да. Подеми и падови, нормална наша работа. Можеби... а ебем ли му матер, сите тие различни гледишта на работите се исто толку вистинити колку и мојата варијанта.

Повеќе...

Мачор во чворПа, добро. Тука сме, кај што сме. Мотивација - ја имате ли во животот? Депримираност - ве закачува ли некогаш? Чувствувам еден грд притисок понекогаш дека сум вечно втор, а тоа е едно одвратно чувство коешто може да го има секој, бидејќи како што знаете, да се биде втор е полошо од тоа да се биде последен, во битката постои само еден - најдобриот, сите други одат под сатарот.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbНекои од вас се сега деца. Допрва ќе се соочат со придизвикот кој иднината го носи и допрва ќе го направат својот погрешен чекор којшто ќе уништи нечиј живот, ќе осуди некого на несреќа или згази нечија радост. Сакале или не, набргу вашето влијание врз околината ќе стане толку големо, што емотивно некој ќе остане без нозе, а вие, нема да имате поим за тоа, бидејќи ќе бидете заглавени во вашиот сопствен свет патувајќи на места каде што сами сакате да бидете не забележувајќи кого сте ставиле под тркалата.

Повеќе...

machor-vo-chvor-thumbЛегендата за камените „статуи“ во Куклице, близу Кратово, вели дека едно момче од локалното село, не можело да се одлучи помеѓу две девојки, која сака да ја земе за жена. Во целото свое двоумење, им закажал свадба на двете девојки во ист ден. Кога дошол денот, тој се одлучил за едната девојка, додека другата којашто пресреќна го чекала да дојде по неа. Во моментите кога ја слушнала музиката на свадбата во соседното долно маало потрчала да види кој тоа прави свадба во ист ден со неа. Замислете ги тие измешани емоции во моментот.

Повеќе...

ГеријатријаКога човек сака да напише љубовно писмо, најтешкиот дел од тоа е да го започне и да успее да остави шокантен почеток којшто ќе го освои целосното внимание на љубената. Всушност, сите работи на светот се тешки за почнување, а потоа одат како подмачкани ако имаме талент или сакаме да ги правиме.

Повеќе...

Т`га за ТабановцеДа речеме, дека имате работа. Солидно платена работа. Значи, одите секојдневно во некоја горе-долу пристојно уредена канцелариичка со цвеќенце на бирото од едната страна и фотографија во рамка од вашата сестра од другата.

Повеќе...

banerIscelitelMilenium