Мачор во чвор

СтариИ, повторно онаму каде што секогаш сме биле. Јас и ти. Ние. На мојата лична страница потпишана со црна шепа без нокти речиси редовно има повеќе прашања отколку одговори, но веројатно тоа е знак дека ова мачорче е сè уште младо во духот и умот па многу работи му се нејасни. Понекогаш, кога не сакам да потклекнам на вистината се вадам на изговорот, како и сите вие впрочем, дека ми се јасни нештата и работите но едноставно не сакам да ги прифатам.

Повеќе...

ACAB - сите џандари се свињиИдиоти. Сите околу мене се идиоти. Иако секоја вечер пред да си легнам ги повторувам постулатите на Далај Лама кој проповеда мир, толеранција и сочувство, не можам да се соземам гледајќи како нашето општество, реалност и културата која ја создаваме наликуваат на оние од Европа, но навистина не се како нивните. За културата разбирам, нормално да е различна, ама навистина е феномен тоа што ние си создаваме една сопствена слика за себе и светот повеќе не го перцепираме каков што е, туку онаков како што нам ни одговара. Алал да ни е какви магионичари сме.

Повеќе...

Обвјективност? Ја имаме!Можеби порано не сум забележал, но некако убеден сум дека Скопје почна нагло да создава млада интелигентна, културна и критички настроена маса која посетува културни случувања. Добро, критички настроена потешко, знаејќи колку е тешко во денешно време да се биде неподложен на влијанија и знаејќи колку е тешко македонецот да се одвои од себе како духот по клиничка смрт и да се врати назад да биде објективен критичар.

Повеќе...

Ден без лага е ден во тагаИмам еден пријател кој едноставно не може да престане да кажува работи кои ќе ме направат среќен. Секој пат кога ќе се видиме и застанеме еден крај друг тој ќе ми каже што има ново. А што е ново? Ќе се гради нов објект, ќе заработиме добро од следниот проект, договорено е ново патување во странство, сè е под конец кога тој ми ја кажува реалноста. Колку е прекрасен животот кога тој ми го покажува со прст.

Повеќе...

Сериозно, ја знаете химната, А азбуката?Во земјава ништо не функционира, тоа ми е одамна јасно. Една од работите која најмалку фунцкионира е умот на луѓево. Беше актуелна темата со Пандев, сакал да игра, па не сакал да игра, па што ти го ја знам што... Народов рипна ко некој за џеб да ги фати, попарени сите, како тоа Пандев не сака да игра, па не ни треба, па што се замислува, па едни зазедоа радикален став, други фатија да ги побиваат и да го бранат, ремпере се направивме сите по кафани, на улица и сред плоштад под спомениците на Гоце и на Даме.

Повеќе...

Гради, стаорци и високи потпетициИмам неколку пријатели кои често знаат да ми подметнат реченици кои не можам да ги разберам. Од нив е и Александра чиј ум работи на различна фреквенција од мојата и веројатно припаѓа на некое друго ниво. Таа е неодоливо згодна и шармантна но сето тоа пред момците кои ја гледаат како колаченце знае да го уништи кога ќе одвали некоја реченица од типот “Мојата прикриена дератизација на ќошињата од неговата душа го прават него одвратен стаорец, секако не мене“.

Повеќе...

Следно ниво...Да се изневери или не? Да се биде или не? Што се добива, што се губи, помислува ли воопшто некој во таков суден час? Да се биде по едната теорија е да се остане човек и да се почитува тоа чудесно битие наречено жена. По другата теорија значи да се изневери и да се биде непокорлив. Прва теорија верувам е јасна, но за втората многумина нема да се сложат, дури и јас самиот на моменти ми доаѓа да искочам од себе и да си влепам една заушка.

Повеќе...

Од стадион на шопингЕдна од потешките работи за сфаќање кај жените, покрај тоа како да се управува автомобил и да се биде рационален, е желбата и страста на мажите за фудбал. Особено проблематично во тој поглед е да разберат од каде им доаѓа сиот тој адреналин и потреба да одат на стадион за да гледаат како други мажи го прават она кое тие како деца го сакале.

Повеќе...

Порно комшилукСептември. Месецот на средношколците и особено средношколките. Не знам дали е до мене, или средношколките навистина го сменија својот начин на изразување за време на големиот одмор. Колку што се сеќавам на моите средношколски денови, на прсти се броеја девојките кои своеволно позади салата за физичко експлицитно ми објаснуваа како обилниот вчерашен ручек им се одразува на нивното “грозно“ стомаче и како веќе градниците не ги собираат а обемот драстично се зголемил.

Повеќе...

РазличностиГо имам најчудниот сообраќаен систем за укажување на брзината на автомобилите кои се движат по мојата улица. Два улични песа кои ги храни комшика ми без име, лаат по апсолутно секој автомобил кој ги надминува дозволените триесет километри на час. Неверојатно но вистинито. 

Повеќе...

banerIscelitelMilenium