Мачор во чвор

Без шанса за победаЦел живот чекаме. Децата да замолчат рано наутро зашто утрински неотрезнети не се трпиме ни самите, камо ли пензионерите кои ги одгледуваме по дома, чекаме фудбалерите да ги оправдаат милионите, политичарите да ги донесат милионите, земјоделците да ги продадат милионите, чекаме да фати расадот на она чудно цвеќенце кое снаата...

Повеќе...

Нож не е решение, дајте го сатаротТрагично но вистинито. Еден човек кој живеел во Велес сторил неверојатни грозотии врз своите сопствени деца. Тоа ја преокупира македонската јавност деновиве, веројатно со право, но единствено ако гледаме со очите на уредниците на медиумите кои тријат раце од разулавената толпа која едвај чека да ја чуе истата вест по илјадити пат и да ц`цка во неверување.

Повеќе...

ПравилаОд кога се сеќавам за себе го почитував ферплејот. Тоа со пубертетот и подоцна во третата деценија ми се претвори во опсесивна потреба да се борам за почитување на правилата и стандардите кои веќе се пропишани. Како малолетник не бев проблематичен, но подоцна откако лудилото ми се зголеми почнав да се соочувам со проблеми од типот предизвикување општ хаос во пекарата на Рекорд зашто еден “господин“ се обиде да нарача преку ред

Повеќе...

ТурлитаваНешто е чудно. Го чекав проклетиот метеорски дожд цела вечер и на крајот дочекав само еден налудничав професионален возач за кој не бев сигурен дали на паузaта при половина пат испи две пива или празните шишиња беа на неговиот лош шегаџиски совозач. Ако судам по чувството во стомакот кое ми кажуваше дека сум спремен да го вратам ручекот би рекол дека поделија по едно двајцата, сепак стигнав жив на крајната дестинација.

Повеќе...

Учителке, ова како треба?Ете, заврши и тоа. Дали и вие како јас неделава, понекогаш при пишувањето на романот доаѓате до крајот на едно поглавје без да се трудите? Јас, очајно се обидував да ги убијам карактерите, да ги оженам, да ги преселам во друга држава, но тие некако сами си постојат во приказната и не сакаат да направат како што јас барам од нив и покрај тоа што се само производ на исчукани виртуелни букви...

Повеќе...

Јас, роботСпротивно на митот, машкиот ум воопшто не е перверзен. Перверзија е нешто кое е нетипично, а мажите се толку конкретни со своите мисли и потреби, тие отворено кажуваат дека мислат, сакаат и бараат единствено секс и ништо повеќе. Во женските списанија ќе најдете статии со 1174 начини како да го задоволите својот маж.

Повеќе...

Еден два три, штурчето не се скри...Цела вечност не можев да им се изначудам на луѓето кои пишуваат, ми се чинеа толку... совршени. Оние кои успеваат да пренесат сосема поинаков свет до својата публика.

Повеќе...

Вреди ли?Дај ми Боже трпение, ама брзо. Тоа е реченицата која изминатава недела ми се вртеше низ глава во просек 2880 пати дневно, што би се рекло околу 20 илјади пати оваа недела имав “не заебаај“ момент кој го завршував со “што е следно“ реченица. Најголемата трагедија во случајот е што практично и не слушав вести, ниту на Тв ниту на радио, дури и дневните весници не сум ги разлистал саглам.

Повеќе...

Јас гордиот сопственик на со мојот животЈас, Мачорот: Ние мачките и мачорите сме многу слични на луѓето. Веројатно затоа не сакаат толку многу. Првата и основна карактеристика на секој мачор, дури и оние кои не се во чвор како мене, е себичноста.

Повеќе...

Кога ќе пораснам ќе бидам гласачко ливчеВо новиот филм на Тарентино, битката за центарот на светот кој мрачните сили сакаат да го освојат. Како што доликува за великанот, никој не знае ниту сака да дознае до крајот, кои се лошите а кои добрите момци. Во главната улога, како елегантниот мангуп со очила за сонце, Коце Коцката и Ники Џи – уличниот борец со нежно срце и ројален од.

Повеќе...

banerIscelitelMilenium