gototop

Многу вкусна, празна пита со потекло од врањанската област. Навистина е празна, но зачудувачки вкусна. Иако вистинската верзија е пита што се меси и развлекува, овде ќе ви ја прикажам брзата верзија што се прави со готови кори, а сепак е навистина блиска до оригиналниот вкус. Во некоја друга прилика ќе ја видите и вистинската пита Самса.

samsaЗа самсата ќе ви биде потребно:

  • 500 гр кори за пита,

  • 7 лажици брашно,

  • 1/2 коцка квасец,

  • 125 гр маргарин (или масло за јадење),

  • 300 мл вода.

За сосот за премачкување:

  • 2 дл кисела павлака,

  • 2 дл јогурт,

  • 4-5 чешниња лук,

  • сол по вкус.

Начин на подготвување:

Од состојките погоре направете смеса како за палачинки. Секоја кора премачкајте ја со не повеќе од две лажици од смесата, завиткајте ја во ролна и од ролната сечете парчиња од околу 4-5 см должина. Секое парче свртено наопаку редете го во подмачкана тава. Вака подготвената самса печете ја во загреана рерна на 220 степени, околу половина час.

Додека се пече самсата, подгответе го сосот за премачкување. Лукот истолчете го или изгмечете го со алатка за лук. Помешајте ги сите состојки и прелијте ја питата кога ќе биде заруменета. Потоа вратете ја во рерна уште десетина минути.

Питата се служи топла, но внимавајте колку ќе изедете затоа што може да биде тешка на желудникот.

Коментар на гурманот:

Иако оригиналот е фантасичен, оваа верзија од питата е исто така вкусна, но многу побрза. Можете да ја направите во секое време и да уживате во прекрасниот вкус...

hrana-gurman.blogspot.com

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email