Vip

Ланецот ресторани „Кузина“ (Qzina)  по повод 30 години од своето постоење направил чоколатце коешто го сруши гинисовиот рекорд за најголема чоколадна скулптура во светот.

qzina-01

Со оглед дека крајот на светот се ближи, односно декември 2012, овој ресторан се одлучил да изгради уште еден храм на Маите кои, како што сигурно знаете, се претскажувачите на пророштвото за крајот на светот.

qzina-02

Пирамидата на Маите направена од чоколадо тежи околу 110 килограми, а ќе биде изложена од четврти јуни оваа година во Ирвин, Калифорнија, САД. Репликата на храмот Чичен Ица ќе биде изложена за посетителите сè до 21 декември, кога е крајот на светот. Потоа, или ќе заминеме сите на некое подобро место или... на повкусно место бидејќи пирамидата ќе биде изедена.

qzina-03

Готвачите и „скулпторите“ на ова дело, најпрвин ја проучиле детално пирамидата, а потоа се фатиле за работа. Секоја им чест на прецизноста. Следна станица, да направат иста таква, којашто ќе го сруши рекордот и на најголемо чоколадо воопшто на светот. Само за тоа ни се чини дека ќе попричекаат.

qzina-04

qzina-05

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila