Vip

Гурман фест кој заврши вчера, а почна во четвртокот, помина одлично. Скопјани на кејот на Вардар и дел од плоштадот имаа можност да поминат четири дена во квалитетно исполнето време.

gurman-700-07

На плоштадот низ историјата на градот имало илјадници случувања од различен карактер, но атмосферата на гурман фестот е една од ретките за кои можеме да кажеме дека беше прекрасна. Времето не се погоди единствено во четвртокот, но затоа другите три дена, особено викендот беше прекрасно.

gurman-700-08

Организаторот одлично го имаше осмислено просторот, а масички и штандови беа поставени практично на четири нивоа. Веднаш под камениот мост се наоѓаше бината каде изведувачите во вечерните часови во живо ја забавуваа публиката.

gurman-700-02

На штандовите имаше разни производи и сите можеа да го најдат она што највеќе ги интересира. Имаше и пивце и скаричка и храна која не се приготвува експресно. На самиот почеток беше и штандот на којшто можевме да вкусиме и прекрасни мексикански специјалитети. Иако нашата фоторепортерка за овој настан изјави дека во моментот е на диета, сепак не можеше да одолее и го прекрши режимот, ветувајќи дека од утре ќе продолжи.

gurman-700-04

Тимот на бркајработа помина прекрасни и опуштени моменти за време на овој Гурман фест, се надеваме дека следната година ќе биде најмалку исто, бидејќи оваа година беше одлично.

gurman-700-13

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila