Доколку немате идеја што вкусно да подготвите денес, тимот на бркајработа Ви предлага да ги засукате ракавите и да се фрлите на правење крофни!

krofni-main

 

Состојки:
- 500 грама брашно
- 1 јајце
- 1 жолчка
- прстофат сол
- 4 грама сув квасец
- 2 лажици шеќер
- 3 децилитри млеко
- 2 лажици масло за јадење
- 1 лажица маргарин
- рендана лимонова кора
- масло за пржење
- шеќер во прав (во кој има измешано неколку кесички ванилен шеќер)
по избор:
- малку рум или ракија (за да не впива тестото масло при пржење)
- нутела (за фил)
krofni-2
Подготовка:
I фаза:
Квасецот се остава да нарасне во топло млеко, заедно со кафена лажица брашно и кафена лажица шеќер. 
Во просеаното брашно се додава јајце, жолчка, сол, остаток од шеќерот и нараснатиот квасец. Сето тоа се меша, со раце или со мешалка, па се додава маслото, маргаринот и ренданата лимонова кора. И оваа смеса се измесува (подолго време) со цел да се добие мазно тесто. По потреба при месењето се додава брашно. 
Измесеното тесто се остава двојно да нарасне (времето за кое ќе нарасне зависи и од температурата во просторијата).
II фаза:
Откако ќе нарасне, тестото се размесува на површина попрскана со брашно и од истото се развлекува кора дебела еден прст. Со чаша се вадат форми на круг или прстен и се оставаат на страна да нараснат за време од 15-20 минути. Нараснатите кругови и прстени се пржат во загреано масло (но не премногу загреано) и се пржат сè додека не поруменат од двете страни. 
III фаза:
Откако ќе се испржат, се оставаат на решетка или хартија за да истече вишокот масло. Крофните можат да бидат без фил но може и да се филуваат по желба. Потем се валкаат во шеќер во прав. 
Време на подготовка: околу три часа 
krofni-1
krofni-3

 

Е.П | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа