Vip

ov

Долга е листата на лековитите својства на боровинките, а според невролошките истражувања, не постои ништо што би можело да ги замени.

Го подобруваат видот, ги прочистуваат артериите, ги зајакнуваат крвните садови, спречуваат уринарни инфекции и ја контролираат телесната тежина.

Затоа ви претставуваме еден летен и лесен рецепт кој изобилува со јагленихидрати и е наменет за деца и физички активни лица. Не е препорачлив за дијабетичари и оние на диета со вишок килограми.

состојки:
1 црвен грејпфрут
1 жолт грејпфрут
200гр. боровинки
1 јаболко
1 киви

прелив:
100мл. сок од портокал
сок од лимон
30гр. мед

подготовка: Црвениот и жолтиот грејпфрут исчистете ги и исечете ги на кругови. Наредете го овошјето во круг во чинија. Јаболкото исчистете го, отстранете ги семките, исечете го на коцки и ставете го на средина на чинијата. Преку јаболкото сервирајте ја боровницата. Изматете го медот со сокот од лимон и портокал, промешајте и прелејте го овошјето. Сервирајте ја оваа медена овошна салата.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila