Често се говори дека појадокот е најважниот оброк во денот. Сите оброци се подеднакво важни, но со појадокот му овозможувате на своето тело извор на енергија и на нутриенти наутро, во период кога е потребно најголемо количество енергија за почеток на денот. 

Што се појадува во земјите кои се сметаат дека се хранат најздраво?

Австрија

Австријците имаат богат појадок кој најчесто се состои од кафе, леб, мармалад, путер, варено јајце, авокадо, урда, или тост со шолја топло млеко со мед.

Сингапур

Стандардниот појадок тука се две ровити неизлупени јајца, крцкав двопек со мармалад од кокос, малку путер, и врело кафе.

Шведска

Типичниот појадок обично се состои од обичен или крцкав леб намачкан со биено сирење, шведски кавијар или филети. Популарна храна за појадок е и каша, варени јајца или кисело млеко.

Австралија

Просечниот жител на Австралија на трпезата за појадок има Weet-Bix житарки богати со растителни влакна, и двопек со популарниот австралиски намаз Vegemite кој се прави од остатоците од пиварски квасец. Конзумираат и авокадо врз двопек, посеан со фета, сок од лимон и бибер, во комбинација со, се разбира, шолја кафе.

Катар

Јајцата се најчестиот појадок во Катар - Balaleet е слатко фиде од шафран со јајца, а shakshouka се јајца на око во богат сос од домати. Овие јадења обично се јадат со грав (luba) или лепчиња.

Норвешка

Тука појадокот вообичаено се состои од отворен сендвич намачкан со „здрав путер“ и додаток како шунка, салама, или пушен лосос. Норвежаните на тоа додаваат кајгана, бело или кафено сирење, како и неколку парчиња краставица или некое овошје.

Швајцарија

Типичниот појадок во Швајцарија се муслите – мешавина од овес со разни житарици и суво овошје, кои се јадат со јогурт или свежо овошје. Често се јаде и леб со мармалад, или кроасани.

Луксембург

Појадокот во Луксембург е многу сличен на тој во Германија – повеќето луѓе јадат леб со путер и сирење или мармалад, а овие отворени сендвичи таму се нарекуваат “Schmieren”.

Јапонија

Традиционалниот појадок во Јапонија се состои од ферментирана соја наречена natto, кисел зеленчук, риба на скара, ориз, мисо супа и зелен чај. Но, не секој се храни вака – храната во западен стил како тост, јајца и кафе станува популарна и во Јапонија.

Исланд

За повеќето луѓе во Исланд, денот не започнува без кафе и тост, или голема чинија овесна каша. Во многу домови тој вклучува и здрава доза на масло од џигер од бакалар, кое е богато со витамин Д.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа