Доколку за време на летниот период и високите температури, сакате да ги избегнете мрсните јадења, тогаш редно време е да си поиграте со салатите и свежите намирници. Ви предлагаме неколку салати кои ќе ви го разиграат менито...

Кус кус со туна и зеленчук

Одлична салата со 1/2 шолја кус кус, туна, шери домати и пиперка, која е полна со хранливи состојки.

Најпрво сварете го кус кусот на пареа и оставете го 5 минути да ја впие течноста. Исечкајте го зеленчукот на парчиња. Измешајте ги сите состојки и зачинете по желба.

Салата со тестенини и пилешко месо

Потребни ви се: пилешко месо, брокула, тиквички, домати, пиперки, кисело млеко и тестенини.

Испржете гo или сварете гo пилешкото месо заедно со зеленчукот, а во друг сад сварете ги тестенините. Потоа додадете ги сите состојки во садот каде што се варат тестенините и додадете кисело млеко и лимон. Зачинете по желба.

Летна компир салата

Ако сте љубители на компирите, ова ќе ви биде новата омилена салата. Потребно ви е 1,5 кг млад компир, сланина, лук и кромид. Сварете го компирот и оставете го да се олади. Потоа прелијте го со малку маслиново масло.

Во меѓувреме, исечкајте ја сланината и испржете ја во масло, се додека не стане крцкава. Додајте ги сите состојки во тавата каде што ја пржите сланината и попржете ги истите уште 2-3 минути.

На крај, зачинете по желба.

zj 300x250-min

mileniumbanner21