Vip

Најчесто кога седнувате со вашиот партнер на вечера, келнерот вообичаено му го дава менито за вино нему, со цел тој да избере какво вино би пиеле. Но, зошто секогаш мора мажите да избираат? Време е тоа да се промени. Научете неколку работи за виното и следен пат вие изберете го виното што ќе го пиете.

Како да знаете дали виното било добро затворено?

Доколку го пробате виното и има некој влажен картонски вкус, најверојатно не било добро затворено. Ова е многу честа појава која се случува кај 3 од 10 шишиња вино. Сепак, не мора да го пиете токму тоа шише. Ако сте во ресторан, кажете дека нема добар вкус и побарајте друго шише. Нема потреба да се чувствувате засрамени.

Повеќето вина се суви

Најчест страв кој го имаат луѓето е тоа дека виното ќе биде премногу слатко. Најпрво, важно е да знаете дека виното е слатко само ако во него има додадено повеќе шеќер. Токму тоа е она што останува кога виното не е доволно ферментирано. Тоа се случува со доцна берба, односно со она грозје кое се користи за вина кои се служат заедно со десерт.

Шампањското е вино од Шампањ, сe друго е пенливо вино

Кога барате шампањско, барате пенливо вино од специфичен регион во Франција. Поскапо е од другите вина поради тоа што станува збор за грозје кое скапо се одржува и поминува низ посебен процес на производство. Ако сакате поевтина варијанта на пенливо вино, може да нарачате French Cremant.

Во ресторан, вината во шише се повредни од наливните во чаша

Доколку сте излезени со пријател и двајцата сакате да пиете по една чаша вино, повеќе ви се исплаќа да нарачате шише отколку чаша. Секогаш виното во шише е подобро, отколку она што ви го ставаат во чаша. Можеби ќе платите некој денар повеќе, ама барем ќе бидете сигурни што пиете. Ако не знаете што да изберете, слободно прашајте го келнерот да ви понуди некое кое добро ќе оди со вашето јадење.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila