Vip

Вчера, Скопје се збогати и разубави со новиот, сосема променет концепт на Mексикански ресторан и бар - АМИГОС 2.0. Едно ново, поинакво искуство, разновидни специјалитети со врвен квалитет, ароматични вина и одлични коктели.

IMG 5452

Амигос го разубавуваше Скопје во изминатите 11 години со својата уникатна понуда, а сега му додаде еден нов пресврт со модерен концепт и нови специјалитети.

Амигос вчера повторно ги отвори вратите и ги претстави новитетите со дегустација на одличните специјалитети и вина, одлична забава со DJ Jankonen и ресторан исполнет со многу насмеани гости. Дел од новата приказна во Амигос е и нашиот автентичен уметник Мирослав Масин, како и познатиот шеф Огненовски кој на вчерашниот настан го претстави својот нов десерт кој ќе биде послужен ексклузивно во Амигос и со кој ќе се почувствувате дека сте во ресторан со Мишелин ѕвездичка.

IMG 5672

Обрнувајќи внимание на секој детаљ, од уметнички фотографии, до начин на сервирање на храната, одлична музика и романтична атмосфера АМИГОС ви нуди едно навистина незаборавно искуство кое сигурно ќе ве натера да заборавите на времето.
Новото мени покрај традиционалните Максикански специјалитети како Бурито, Тако и Начос, е збогатено и со нови вкусови. Пробајте го одлично подготвениот зачинет бифтек, свинското филе со вргањ или пилешкото со моцарела и доматен пелат.

IMG 5468

Новото мото на Амигос, како што ќе забележите и во самите менија е:
„Кај нас во Амигос се трудиме нашите гости да имаат незаборавно искуство уживајќи во секој автентичен пијалок и секој специјалитет подготвен со љубов и внимание. Нашиот тим секогаш ги користи најдобрите состојки во подготовка на специјалитетите создавајќи едно поинакво кулинарско искуство кое ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови. Нема храна или пијалок кои ќе излезат од нашата кујна или шанк, а ние самите не би ги уживале.“

IMG 5759

Доколку сакате да доживеете едно поинакво искуство, пробајте го Амигос ресторан и бар на ул. Македонија.

IMG 5822

IMG 5942

IMG 5854

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila