Зимскиот период со себе носи многу студ кој го лади нашиот организам. Но, важно е да знаете дека постојат определени видови храна кои ја поттикнуваат термогенезата.

Со консумацијата на храната која ќе ја наведеме подолу, телото ги претвора калориите во енергија со која се затоплува. А тоа, ќе направи да се чувствувате пријатно и удобно. Еве го списокот на 5 видови храна кои нјамногу ќе ве згреат:

Зелен чај
Кофеинот и катехините од зелениот чај ја поттикнуваат термогенезата. Овие две супстанции можат да го зголемат загревањето на телото за 25-75%. Со оглед дека чајот станува полека дел од нашите секојдневни ритуали, неговото делување ќе биде сѐ појако во текот на зимските месеци.

Лути црвени пиперки
Капсаицинот е состојка која на овие пиперки им го дава нивниот жесток и лут вкус. Токму тој ја поттикнува термогенезата. Всушност, секоја силно зачинета храна го забрзува крвотокот и ја подигнува температурата на телото.

Бибер
Црниот бибер содржи пиперин, супстанција за која е докажано дека делува на термогенезата преку стимулирање на системот на нерви и нервни завршетоци.

Ѓумбир
Покрај тоа што има лековити својства кои делуваат на системот на варење и при мачнини, ѓумбирот има и својство да го загрее нашето тело.

Кокосово масло
Содржи масни киселини кои го поттикнуваа загревањето. Единствена негативна карактеристика е што во една лажица од ова масло има 117 калории.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа