Доколку сте во потрага по здрав, брз и воедно и евтин појадок тогаш ние го имаме вистинското решение за вас. Она што вие го барате се дефинитивно овесните снегулки – тие се евтини, се подготвуваат лесно, а изобилуваат со хранливи материи. Богати се со влакна, па секако нема да огладнете после само еден час, ниту пак ќе бидете прејадени па нема да имате “место” за ручекот.

Ја зголемуваат ситоста

Кога ќе ги изедете за појадок, шансите да се прејадете во текот на денот се минимални. Ако го земете предвид и фактот дека порција суви најобични овесни снегули содржи во просек 8.2 грама влакна, што претставува третина од препорачаниот дневен внос, јасно ви станува зошто е ова еден совршен избор. А за додадете уште поголемо количество на влакна, додадете и малку свежо овошје.

Го намалуваат холестеролот

Диететските влакна се исклучително важни за намалување на нивото на холестеролот, а ако го намалите холестеролот, го намалувате и ризикот за срцеви заболувања. Овесната каша има два типа на влакна – псилиум и бета глукан, а и двете докажано одлично се борат против срцевите болести.

Го регулираат нивото на шеќер во крвта

Последните неколку години јаглените хидрати незаслужено добија лоша репутација и луѓето како да заборавија дека има и добри и неопходни јаглени хидрати. На крајот на краиштата, еден од нив се и диететските влакна. Телото ги вари бавно, па шеќерот во крвта постепено се зголемува, што штити од дијабетес тип два.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium