girl-fantasies-01Интернетот дефакто создава трендови и влијае на психологијата на луѓето. Додека на интернет постојано налетуваме на она што сакаат мажите и кои се нивните секс – фантазии, за жените некако се молчи.

На мажите дури и зборот „секс“ им е доволен за да почнат да фантазираат. Жените се малку поинакви. Имаат фантазии и тоа „пострашни“ и попровактивни од мажите, ама молчат. Сметаме дека е редно да се обидеме да позборуваме и за нив и да ги разоткриеме.

Жените сонуваат за секс со нивниот најзгоден Фејсбук пријател. Сето тоа би сакале да започне спонтано, впрочем како што започнува и сè на социјалната мрежа: poke, like, chat па во кревет. Кога би размислиле подобро, зошто не и на плажа. Нема жена која не сонува да води љубов на морскиот брег, само двајца, а брановите ги покриваат нивните голи тела. Жените фантазираат за нивниот омилен професор од факултет, банкарските службеници кај коишто ги плаќаат сметките, презентерите на вести...

Честа е и фантазијата каде што девојката е во рацете на некој преубав млад доктор. Оваа фантазија потекнува од тоа што белиот мантил е симбол за сигурност, внимание и грижа. Тоа е она што на жените најмногу им треба.

Сме слушнале и за една многу добра фантазија. Таа и Тој во приватен авион, на повеќе од 7000 метри надморска висина. Што би рекле, љубов во облаците. Дефинитвно, мажите сакаат провокативни жени кои што имаат смисла за страст, имаат идеја што сакаат и што им треба. Ако мажите можат да се фалат, ние би можеле да остваруваме.

Искористете го следниот одмор за страст под отворено небо, флертувајте со згодните банкари, откријте кој е најзгодниот доктор во вашиот град. Некогаш од чист флерт или фантазија која ви изгледа глупава може да се роди нешто повеќе. Откријте го вистинскиот и продолжете да сонувате, но не за него туку со него додека тој ви го милува грбот.

И секако, кажете ни кои се вашите фантазии?

Мими | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zj 300x250-min

mileniumbanner21