fatalna

Оние кои веруваат во судбина мислат дека луѓето не можат многу да променат во својот живот туку треба пасивно да се препуштат на вишите сили кои го управуваат.

Во љубовта и заљубеноста треба да се помират со фактот дека одреден партнер им е „суден“.

 

Кога некој вели дека партнерот му е фатален, тоа значи дека е од него зависен, дека не може слободно да избере дали да остане или да го прекине сето тоа. Затоа, изразот „фатална љубов“ е второ име за зависноста од врска. Тоа може да биде причина зошто токму фаталноста се користи во негативна конотација. Луѓето кои се задоволни со својот партнер, не велат дека е фатален, туку дека го пронашле мажот или жената на својот живот.

Она што е навистина фатално е фатализмот, верувањето во фаталност и фатална љубов. Личноста која е зависна, погрешно мисли т.е. дека не може да живее без тој човек до крајот на животот. Колку е да е незадоволна од односот, едната страна останува во таа врска од чиста навика и мазохизам. Ако другата страна ја напушти, лабилната фатализирана личност може да изврши самоубиство. Затоа е добро да се гледа на животот како нешто со кое се управува, а не нешто што се трпи.

 

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

 

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium