На секоја врска треба да се работи, во спротивно станува рутина, а партнерот и просторот кои ви го исполнуваат животот, стануваат досадни и монотони.

vrska5

Не секогаш се потребни големи чекори за големи промени. Ако сакате да ја зајакнете врската, овие пет едноставни совети ќе ви помогнат во тоа:

Направете убав гест, онака, без причина - Убаво е да се биде внимателен на посебни датуми и свечености, но ако искажувате внимание и на случајно избран ден, да речеме, денес, ќе биде повеќе ценето и подобро прифатено. Оставете му порака во торбата, изненадете ја со вечера, погрижете се за работите кои на партнерот би му предизвикале стрес.

Разговор - Во раната фаза сигурно често сте воделе долги и длабоки разговори кои уште повеќе ве зближиле. Како одминува времето, природно е вашите разговори од лични приказни да прераснат во секојдневни анегдоти. Зајакнете ја врската со смислени интелигентни разговори.

Исклучете ја технологијата, вклучете се во реалноста - Ако постојано го проверувате е-маилот, им праќате пораки на пријателите или пребарувате на интернет додека сте во друштво на партнерот, ќе се почувствува игнорирано.

Не штедете „благодарам“ - Размислете на кој начин партнерот вложува во врската и покажете дека сте му благодарни. Сите сакаат да се почувствуваат ценето и корисно, па признајте ги заслугите.

Фокус - Кога сте заедно бидете заедно во секоја смисла на зборот. Секако може сакате да гледате ТВ, да читате или да ги надополните заостантите работни задачи. Имајте диференцирано време кога ќе бидете онлајн во текот на денот и распоредете ги обврските така што кога ќе бидете со партнерот тој ќе биде единствен приоритет и ќе го има вашето полно внимание.

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium