smena

Луѓето се менуваат кога ќе ја сретнат вистинската личност. Прашањето е: Дали може поединецот целосно да се промени?

Нема ништо лошо во менувањето на некои работи поради личноста која ви значи. Тоа покажува повеќе отколку било кој поклон или убав збор. Но дефинитивно треба да знаете каде е границата, особено ако се чини дека личноста сака да промени многу работи во врска со вас.

Врската е вложување во нешто, но треба ли да се вложуваат време, љубов и нерви, за едниот партнер од другиот да направи нешто што другиот не е?

Во работите кои се непотребни за реформирање спаѓаат: стилот на облекување, однесувањето во друштво, причини за излегување со одредени луѓе и мислење за најобична тема.

Човекот е онаков каков што е, тоа може некој друг да го прифати или да продолжи понатаму. Човекот може да се менува единствено самоиницијативно и за ситници, притоа да не го изгуби вистинското „јас“.

ја сакам Македонија: тука
навивам за мојата репрезентација: тука

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium