Редовниот секс ја зголемува плодноста кај мажите, се резултатите на најновата студија. Спротивно од некои постари истражувања, најновата студија докажува дека спермата кај мажите која секојдневно се лачи е поквалитетна од оние кои не се сексуално редовно активни.

plodnost.01

Имено, со ова истражување се покажало дека сперматозоидите кои подолго време остануваат во телото го намалуваат процентот на плодност и го зголемуваат ризикот од спонтан абортус во првата недела на трудноста.

Ова откритие го презентирало Американското здружение за репродуктивна медицина и ќе биде од големо значење на паровите кои се одлучуваат за вештачко оплодување. Имено, досега се верувало дека пред третманот, парот би требало да се воздржува од секс три до седум дена за да се зголеми квалитетот на спермата. Но ова истражување го покажало спротивното.

Докажано е дека спермата на мажите кои немале редовно секс и чии жени не успеале да затруднат, таа била со лош квалитет. Имено, ДНА сперматозоидите имале високо оштетување што се покажало кај спермата која подолго време останала во телото односно таа била оштетена.

Од друга страна, дополнителни тестови кои се правеле на мажи кои секојдневно имале секс покажале дека оштетувањата на спермата се намалиле за една третина.

Иако по секојдневен секс се намалува квалитетот на густината на спермата, се покажало дека е подобра за оплодување.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium