Масажата без сомнение е сензуална активност која мажите се плашат да  ја побараат кај професионална масерка бидејќи ретко кој може да се отпушти не плашејќи се од ерекција. Но дома, кога е со вас, ситуацијата е поинаква. Секоја состојба која е резултат на масажата е добредојдена. Затоа маслото в раце и на работа.

masaza.maz

Масажата е совршена за предигра. Физичката блискост и допирот ќе направи да се чувствувате сигурни и среќни. Затоа време е да му овозможите на својот партнер мало уживање.

Интимна масажа на главата

Овој тип масажа навистина ослободува од стресот. Додека сте голи во креветот, помогнете му со кружни, нежни движења да се ослободи од напнатоста и од главоболката бидејќи така му помагате ментално да се исклучи. Масажата на главата е добра како почеток на масажата по целото тело. За да ви биде поудобно, седнете со вкрстени нозе и ставете ја неговата глава во својот скут, така ќе можете веднаш да ја забележите неговата реакција.

Сензуална масажа на градите

Тајландската масажа често се фокусира на градите, бидејќи со масирање на тој дел се забрзува циркулацијата. Почнете така што ќе нанесете поголемо количество миризливо масло на неговите гради и полека ќе масирате. Наместете ги дланките, така што вашите прсти ќе бидат насочени кон неговата глава. Додека масирате, стимулирајте ги неговите брадавици со своите палци. Потоа со благи притискања и кружни движења продолжете кон рамената.

Врела масажа во долниот предел

На крај префрлете се околу неговите интимни делови. Масирањето на куковите и препоните не е само комотно, туку и корисно бидејќи многу мажи се здрвени баш на тие делови од телото. Почнете така што ќе загреете малку миризливо масло за масажата, а потоа ќе почнете да го масирате со лесни, нежни движења кај колковите. Колку повеќе се приближувате кон осетливите делови на препоните, толку повеќе зголемувајте го притисокот.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium