За добар секс доволна е само љубовта и страста. Меѓутоа, понекогаш жените пристапуваат на секс од многу лоши и погрешни причини, поради кои, подоцна се чуствуват многу лошо.

 Затоа добро размислете пред да имате секс, бидејќи после тоа може да биде доцна.

Секс поради одмазда

Сексот со кој сакате да му се одмаздите на вашето момче поради тоа што сте лути, никогаш не завршува добро. Ефектот од ваквиот секс никогаш нема да биде поволен за вас. Трагедијата доаѓа ако се смирите со партнерот. Тогаш почнува да ве мачи онаа третата личност. Почнувате да се плашите бидејќи постои можноста некогаш вистината да излезе на површина и да ви се удри од глава кога ќе мислите дека вашата врска цвета и тогаш кога ви е најубаво.

Секс за да си го задоволите егото

Излезени сте во диско и ви приоѓа некој згоден тип. Почнувате разговор, а тој ве отсипува со комплименти за вас. Почнува да ви се додворува а на крајот од вечерта ве поканува да одите кај него дома. Сето ова можеби го храни вашето его, но верувајте дека кога ќе си заминете од кај него сето тоа ќе исчезне и вие ќе се чувствувате искористени и безвредно.

Секс од сожалување

Ако сте во врска со личност кон која не чувствувате никаква љубов, а со него имате интимен однос само поради тоа што го сожалувате, тогаш имате сериозен проблем. Таквата врска не е здрава за ниедна од двете страни. Морате да соберете храброст да се ослободите од таа личност, колку и да е болно, бидејќи така само се измачувате себе си но и него. Си поигрувате со неговите чувства и го оставате да се надева и да живее во илузија дека сепак го сакате.

Секс за успех на работа

Сигурно не сакате на вашето работно место да ја имате етикетата"спие со директорот".Доколку се одлучите да спиете со вашиот претпоставен немојте да мислите дека сте си ја загарантирале позицијата на работа или дека ќе бидете унапредени. Патот до успехот во кариерата не е лесен. Ваквата игра може да биде многу опасна, а не гарантира долгорочни резултати. Лесно може да останете и без работа.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium