Мистеријата за привлекувањето меѓу луѓето е се уште e непозната за научниците. Нема одговор на прашањето зошто некој толку многу не привлекува, а зошто некој друг не.

Доколку побараме објаснување за пеперутките во стомакот, еротската привлечност, страста и радоста кога сме со тој што го сакаме ќе наидеме на слепа улица.

Дали за ова е виновна Аморовата стрела, можеби е малку хемија, визуелна сензација, или пак само психолошка или хормонска реакција. Кога ќе дојде моментот да се вљубиме забправаме на се`. Во нашите мисли е само тој. Саканиот. Пијани сме по него.

Но од каде чувството како да летаме во облаци, од каде ни доаѓаат пеперутките во стомакот. Или пак само тоа се приказни...

Приказни не приказни, резултатот е убав а скокотот и енергија што не тера да скокаме - уфф се незаменливи, нели?

Пеперутките во стомакот доаѓаат со заљубеноста. Таа е онаа прва фаза, која речиси секогаш ја има на почетокот на некоја врска, кога едвај чекате да ја видите саканата личност и трчате по него како да е единствениот. Љубовта се состои од возбуда и страсти. Константно имате чувство на немир, треперење, немате концентрација за ништо друго освен да милсите на него, а ако го видите или ви се јави, тогаш од глава до пети ви поминува некоја топла струја од која ви заруменуваат образите и усните и уште повеќе се растреперувате...

Таа возбуда не се опишува, само може да се почувствува. 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа