Vip

Доколку секогаш ја кажувае вистината животот ќе ви стане многу полесен. Но, ако вие не сте дел од категоријата лажливци, тогаш голема е веројатноста да не знаете како изгледа тоа.

Ако мислевте дека тој никогаш не ве излажал само поради тоа што не му пораснал носот, време е да дознаете кои се вистинските знаци. Еве ги невербалните знаци што ги прави лажливецот:

Ги подигнува веѓите

Кога човекот измислува лажно оправдување, инстинктивно ги поткрева веѓите со цел да се заштити и да ве убеди дека ја зборува вистината.

Му бега погледот

Лажгото не покажува емоции. На момент ќе помислите дека се смее, за во следната секунда да добиете впечаток дека е мртов сериозен. Ако има стаж во лажење, тогаш ќе ве гледа длабоко во очи и ќе зборува без престан.

Ќе се труди да не се фати за нос

Колку и да се смета себе си за професионалец во лажење, на крај носот ќе го издаде. Веќе сите научија дека не треба да го допираат носот додека лажат, но тоа е посилно од човекот бидејќи е дело на природата. 

Постојано вештачки се смее

Зборува тивко, го меша редот на настаните, повремено прави пауза и ве гледа со насмевка на страна. Тој очајно сака да ве омекне, да ве освои со невиниот израз, а насмевката секогаш успева од причина што е заразна. 

Ве гледа директно во очи

Знае дека ако се наведне е во голем проблем. Тоа го правел како дете и веќе му е јасно дека не успева. Со цел да биде уверлив, тој ќе се труди да ве гледа во очи со исправена глава до тој степен што нема да забележи дека се вкочанил во истата позиција. Да, лажењето е непријатно и често го парализира човекот.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila