Која е тајната на таа среќна заљубена двојка? Колку пати сте завиделе на вашата пријателка која е во врска цели 3 години заедно, а тој со поглед ја разбира.

Кои се мистериозните состојки во рецептот за долга љубов? Се што ви треба е искреност, самостојност, фер игра и милувања.

Обрнете внимание на инстинктите

Сите инстинктивно знаеме кога нешто не е во ред, но полесно е да го игнорираме чувството. Сигурно и вие сте имале некоја врска во која уште на почетокот длабоко во себе сте знаеле дека нема да функционира.

Ако сте несигурни, обидете се да си ја замислите иднината заедно. Дали се чувствувате смирено или ви недостига надеж?

Карајте се фер!

Сите парови се караат и тоа е сосема природно. Тајната на успешните врски е во надминување на конфликтот. Најдобрите парови знаат како да се караат конструктивно.

Префрлањето на вината, нападите, навредите, користењето на закани и актуализирањето на старите проблеми се лоши  за вашата врска и не водат кон решавање на проблемот. Затоа секогаш фокусирајте се конкретно на проблемот, а не на личноста.

Бидете искрени од почетокот!

Клучот на пронаоѓањето на вистинскиот партнер е искреноста! Треба точно да кажете што барате, што автоматски ќе ја елиминира играта на конфузија. Искреноста е клучна за секоја нова врска.

Имајте свој живот!

Сами водете го сопствениот живот. Вие секој ден пијте кафе со сосетките додека тој оди во спортска обложувалница, па ручајте заедно. Потоа повторно фокусирајте се на работите кои ги сакате и најважно од се немојте да бегате кога ќе стане густо.

Исто така кога сте заедно правете различни активности, истражувајте нови места или слушајте стари песни.

Зборувајте за иднината!

Најдете време да зборувате со партнерот, но не за неплатените сметки или проблемите на работа, туку барем 10 минути од денот одвојте за разговор за вашите желби, потреби и цели.

Ова закажано време е витално за да се поврзете со него и да знаете што се случува во неговиот свет.

Гледајте се и милувајте се!

Дури 75 проценти од комуникацијата кај среќните парови е невербална. Физичката врска прави да се чувствувате сакани и посакувани.

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium