Можеби се под нас во синџирот на исхрана, но има многу работи во врска со сексот кои можеме да ги научиме од животните.

wild.seks

Овие 5 животински видови ќе ве научат како подобро да водите љубов.

БОДЛИКАВО ПРАСЕ

Мислите дека сексот на бодликавите прасиња им е ужасен, но тие всушност поминуваат денови во триење на носињата пред спарувањето. Нивното однесување е совршен потсетник дека треба да бидете емотивно приврзани за да се поврзете и сексуално.

Физичкиот контакт ослободува окситоцин, поврзувачкиот хормон кој прави паровите да се чувствуваат позаљубени. Затоа затријте си ги главите додека гледате филм, заспијте на неговите гради или погалете го по грбот додека станува.

РИБА

Рибата мексиканска Molly преферира партнери со мустаќи бидејќи на тој начин може да ја скокоткаат и да и овозможат задоволство пред да доживее оргазам.

И вие знаете дека многу ви е полесно да дојдете до оргазам ако претходно сте многу возбудена, но многу мажи преминуваат директно на главниот чин. Отсега пратете го примерот на рибата Molly, па покрај брзиот секс понекогаш издвојте време и за долга предигра.

ПТИЦА

Некои женски птици ги привлекуваат мажјаци со светли перја бидејќи тоа е знак дека се здрави. Лесно е да забележите маж кој е во добра форма, но дали тоа е доказ дека е добар и во креветот?

Неговиот талент помеѓу чаршафите можете да го препознаете во неговите колкови. Маж кој може добро да се препушти во моментот на танцувањето најверојатно е добар и во сексот, па погледнете што има на диско подиумот наредниот пат.

ПЧЕЛА

Кралиците на пчелите имаат акција и со по 40 мажјаци на ден. Тоа е затоа што нивниот плен прави нивното тело да испушта хемикалии кои ги привлекува другите пчели да дојдат.

- Вие не мора да уловите нешто туку само флертувајте со повеќе мажи и забавувајте се на тој начин, а вашето тело самото безбедно ќе создаде допамин, серотонин и адреналин -  вели терапевтот за врски James Houran. Овие хемикалии прават да емитувате сексуални вибрации и да сте неодоливи за секого.

ПЕПЕРУТКА

Кога температурите се потопли на пеперутките им треба повеќе и поквалитетна сперма за успешно да се оплодат бебиња. Но тие не леткаат само наоколу чекајќи мажите да долетаат и да им ја донесат, туку стануваат агресивни заводнички.

Па така ако има нешто што го сакате, тргнете по тоа. Качете се врз него и вие иницирајте ја позата во која толку уживате.Преземањето контрола е клучот за да бидете задоволни.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium