Исто како што мажите грешат во односите со жените, така грешат и жените, а ова се работите кои најчесто резултираат со губење на интересот.

couple-in-bed

На мажите не им е лесно, а ништо полесно не им е ниту на жените - во морето од различни пристапи кон љубовта и теоријата за тоа кој на кого прв треба да му пријде, понекогаш изгледа како поголемиот дел од времето да се троши на теоретизирање, а многу малку на љубов.

Претерана независност

Жена која има работа, кариера, стан и автомобил звучи како идеален улов, но всушност голем број такви жени се сами. Ако ја додадеме и нивната потреба да нагласуваат дека сè можат да си платат сами, настанува потенцијален проблем. Работата е едноставна - мажите сакаат да се чувствуваат дека се потребни некому, а жената која постојано му нагласува дека може и без него ќе му биде помалку привлечна од онаа која понекогаш треба да ја спаси. Тоа не значи дека мораш да глумиш дека си неспособна, но добро е понекогаш да му дозволиш да те почести едно кафе.

Премногу разговори поврзани со работа

Кога маж зборува за својата работа во која е успешен, тоа е за пофалба, но кога жена го прави истото, не е баш. Јасно е дека станува збор за двојни стандарди, но фактот е дека постојат мажи кои ќе се исплашат од жена која е успешна и во деловниот свет затоа што некои од нив тоа го сфаќаат исклучиво како машка територија.

Трачарење

Ова може веднаш да се смести во иритирачките женски навики, поготово во очите на мажите. Трачарење со пријателките понекогаш претставува задоволство, но мажите тоа го гледаат на поинаков начин. Тие се фокусирани на решавање проблеми, а ретко кој од тие проблеми се решава со трачарење.

Разговори за поранешните врски

Уште една работа која жените сакаат да ја прават, а мажите сакаат да ја избегнуваат - разговори за поранешни врски. Кој кого оставил, поради што, кој е виновен за што, а кој не е... На просечниот маж му е важна сегашноста, а ако се најде во друштво на жени кои копаат по минатото, можно е да избега.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium