Vip

Некои жени едноставно премногу попуштаат - поради мир во домот, поради тоа што се плашат да кажат нешто, поради тоа што едноставно го обожуваат своето момче и одбиваат да признаат дека има недостатоци.

momche-devojka-more-plazha

Ова се знаците кои покажуваат дека токму ти си една од тие девојки:

1. Често размислуваш за тоа колку си благодарна што е со тебе

2. Постојано измислуваш изговори за неговото однесување - пред себе и пред други

3. Постојано се грижиш за тоа што би се случило доколку му се спротивставиш

4. Се менуваш себеси за повеќе да личиш на неговиот идеал за жена

5. Во кавга често преминуваш на негова страна иако на почетокот си имала сосема спротивно мислење

6. Кога ќе ја промениш фризурата или ќе си купиш нешто ново, не уживаш во тоа доколку не добиеш пофалба од него

7. Го користиш изразот „мажи...“ кога тој се однесува лошо

8. Се плашиш од тоа што би можело да се случи доколку те остави

9. Кога е безобразен кон тебе, не се бориш за себе, туку ја менуваш темата

10. Тајно размислуваш дека тој е едноставно предобар за тебе.

Ако се преознаеш во овие точки тоа значи дека сакаш да бараш изговори за неговото лошо однесување, што на долг план само ќе наштети на твојата самодоверба и на целата ваша врска.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila