Доколку цела година сте биле зафатени со многу работни обврски, летото е идеален период за да пронајдете време за партнерот. Но, како да ја обновите вашата љубовна врска? 

Направете нешто спонтано – отпатувајте некаде заедно, појдете во паркот на пикник или организирајте ручек во вашиот омилен ресторан кој одамна не сте го посетиле.

Останете душевно споени – кога партнерите ќе го сведат љубовниот однос на рутина и автоматизам, тогаш врската полека почнува да тоне. Искористете го годишниот одмор за пружање поддршка, длабоки разговори, меѓусебно слушање и взаемно изразување на своите цели и соништа.

Останете телесно споени – вежбајте, играјте бадминтон, натпреварувајте се во игри за парови итн. Телесната поврзаност во било која активност ја одржува сексуалната искра во врската.

Откривајте заеднички интереси – направете свесен напор да се приближите до интересите на вашиот партнер, било да е тоа на поле на филм, музика, спорт, животни, патување или политика. Тоа е можност да научите нешто повеќе за неговите страсти во животот.

Откривајте посебни интереси – подеднакво е важно секој од вас да се бави и со нешто лично, во кое наоѓа слобода и независност. Времето поминато со вашето хоби е драгоцено, но истовремено тоа ќе ја подигне вредноста на вашите заеднички моменти.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа