Не е едноставно постојано да се одржува возбудлива, интересна и спонтана врска. Стресот на работното место, секојдневните предизвици, уморот, и нервозата полека ја уништуваат љубовната врска.

Меѓутоа, тоа можете да го спречите користејќи ја оваа едноставна стратегија наречена „2-2-2“.

1. Секоја втора недела одвојте време еден за друг и прославете го тоа на одговарачки н-ачин. Без разлика дали се работи за романтична вечера, брз оброк во локалниот бар или пак заедничко готвење – вечерата за двајца е одлична идеја. Со то-а ќе го задоволите вашиот апетит, но што е најважно – тоа ќе го правите заедно. Освен тоа, ваквото дружење ви отвора доволно можности за разговор и интимност.

2. На секои два месеци на програмата треба да има поголем “тајм аут”. Тоа значи дека треба да заминете на излет во некој друг град, на романтичен викенд во село или да посетите бања – важно е да сте сами, да се дружите, да се потсетите на сите убавини од врската и да го споделите тоа помеѓу себе.

3. На секои две години треба да го сместите заедничкиот повеќедневен одмор во вашиот календар на заеднички активности и да го спроведете во дело. И повторно е важно да не патувате со група, пријатели или семејство, туку само вие двајца.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа