Не за џабе велат дека љубовта е слепа. Кога чувствата ќе го надвладеат разумот, не е многу тешко човек да изманипулира со нас бидејќи водени од нив не се ни обидуваме да размислиме дали некој сака да ја злоупотреби нашата доверба.

Научно е докажано дека во таа група на емотивци спаѓаат жените кои во сè ги вложуваат нивните емоции, тргнувајќи од помислата дека љубовта им е возвратена во иста количина.

Кои се најчестите фори преку кои мажите со малку труд добиваат сè што ќе посакаат од жените?

Никогаш немам запознаено девојка како тебе

Фраза која очигледно ја кажува на секоја девојка која ќе ја сретне. Место да ви го каже тоа и да ве убеди дека навистина вие сте единствена и посебна личност за него, вистинскиот маж би направил потег преку кој ќе ви стане јасно колку сте значајна за него и без тоа да ви го спомне.

Не се чувствувам спремен за врска, но може да пробаме

Многу жени се во илузија во однос на ова. Се надеваат дека еден ден нивниот потенцијален партнер ќе ја промени оваа одлука и дека ќе може да почнат со него нешто сериозно. Во поголемиот број на случаи, всушност завршуваат расплакани бидејќи мажите размислуваат на различен начин. Ако може да ве има без обврска, зошто би го комплицирал тоа?

Имам премногу обврски, но ќе ти се јавам кога ќе можам

Нема некој кој не ја слушнал оваа веќе излитена фраза, но сепак се уште успешна. Прашањето всушност е дали има до таа мера обврски за да не посака на 5 минути да го слушне гласот на саканата личност? Сепак, тој што ве почитува би пронашол време во текот на еден ден макар и да ви посака да имате убав ден.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа