Vip

Најдобрата врска во вашиот живот ќе биде онаа врска започната со девојка која ги запишува своите чувства и доживувања во дневник или пак ги претвора во поезија. Станува збор за девојка која не се плаши од тајните на своето срце. Девојка која има силен глас и знае дека нејзините мисли вредат. 

Тоа е девојка која секогаш обрнува внимание и на најситните детали. Таа ќе забележи кога ќе ја смените фризурата, кога ќе облечете нова маица, кога ќе си ја средите брадата и кога ќе бидете вознемирени. Нејзе ништо не може да ѝ побегне. Таа ќе може да ви ги прочита мислите.

Овој тип на девојки знаат да сонуваат. Таа презема ризици и верува во втори шанси и е отворена кон нови искуства. Таа секогаш е подготвена за нови авантури, бидејќи посетата на нови места и правењето нови работи ќе ѝ дадат инспирација за пишување. Таа знае да биде спонтана и непредвидлива. Нејзиниот живот никогаш не е здодевен. Таа никогаш не прифаќа помалку од она што го заслужува.

Таа е и интелигентна па покрај нејзиниот авантуристички дух, таа секогаш размислува два пати пред да преземе акција. Таа размислува за секој можен пат во нејзиниот живот и никогаш не донесува избрзани одлуки. Таа попрво ќе го направи она што е правилно одошто да го избере полесниот пат.

Овие девојки веруваат во вистинска љубов. Таа верува дека може да му се посвети само на еден човек. Таа верува дека треба да го почитува и разбира партнерот.

Таа знае како да ги користи зборовите, секогаш ќе ви праќа слатки пораки за добро утро и ќе ви ги пишува најубавите роденденски честитки. Таа ќе знае како да ги преточи нејзините чувства во зборови, колку и да се необјасниви и необични.

Девојката која сака да пишува ќе ви го направи животот толку волшебен што ќе ви се чини дека живеете во бајка. Чувајте го нејзиното срце.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila