Vip

Неодамнешно истражување на компанијата YouGov спроведено низ 20 земји откри дека поголемиот број од луѓето му даваат приоритет на карактерот за сметка на изгледот кај љубовниот партнер.

Конкретно во Велика Британија само 14% од мажите и 5% од жените го избрале добриот изглед како посакуван квалитет кај партнерот, додека 52% од вкупниот број мажи и жени ја одредиле добрината како најпосакувана карактеристика.

Во истражувањето учествуваа мажи и жени од сите краишта на светот, па изгледа дека иако сите зборуваме различни јазици, единствениот заеднички јазик на целата планета е јазикот на љубовта.

Со исклучок на мажите во Виетнам, добрата личност е на врвот на приоритети на сите мажи и жени од земјите вклучени во истражувањето.

- Од Шведска, па до Сингапур луѓето покрај себе сакаат партнери кои прават да се чувствуваат добро. Личноста и хуморот придонесуваат за тоа, додека изгледот не - вели психологот Медлин Мејсон.

Можеби чувствуваме дека вистинските вредности полека се губат во ова современо општество, но сепак, за среќа, ова истражување докажува дека на врвот приоритети на луѓето при изборот на партнер сè уште им е една вистинска вредност.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila