Таа е девојка која ќе ви ги прости сите грешки и лаги и ќе верува на вашите извинувања, бидејќи знае дека работите понекогаш не излегуваат така како што треба. Таа нема да се налути ако еднаш или два пати ги откажете плановите или ако ја оставите да ве чека. Таа нема да се разочара бидејќи ќе сфати дека можеби сте зафатени во тој момент.

На неа секогаш можете да се потпрете и таа е личност која секогаш ќе биде покрај вас, и тогаш кога сите други ќе ве остават сами или заборават. И тогаш кога нема да и дадете почит или посветеност, таа ќе верува во вас и нема да мисли дека не ја заслужувате. Ќе посака да ви помогне во секоја ситуација без разлика на се, ќе биде до вас и тогаш кога можеби е зафатени бидејќи нема да сака да се чувствувате лошо. Ќе ви одговори на сите пораки и нема да игра игри со вас.

Таа постојано ќе ви дава поддршка, без да бара нешто за возврат. Ќе сака отворено да разговара за проблемите и да прави компромиси, мислејќи дека го заслужувате тоа. Ќе ве разбере секогаш кога ќе погрешите, мислејќи дека имате причина за тоа и дека навистина ја сакате.

Нема лесно да ја разочарате оваа девојка. Но, кога ќе го направите тоа, веќе имате проблем! Таа сепак живее по правилото “однесувајте се со луѓето така како што тие се однесуваат со вас“. Оваа девојка ќе ви даде милион шанси, а на милион и првата, ќе си замине без да погледне назад.

Ова е девојката која ќе ја повредите додека е млада и таа тогаш ќе ја научи својата лекција. Ќе стане силна жена, која не прави компромиси. Која не верува во лажни ветувања, која не дава милион шанси и која ги цени луѓето по тоа што го прават, а не тоа што го кажуваат.

Ќе ја барате оваа девојка во животот, но таа никогаш повеќе нема да биде ваша. Впрочем, и долго време ќе биде ничија. Ќе и бидете благодарни за љубовта која ви ја има дадено и ќе се обидете да ја повторите таквата љубов со други девојки, но нејзината љубов е ретка како дијамант, а нејзиното срце е еднствено.

Највеќе ќе се каете ако ја повредите оваа девојка, затоа чувајте ја и размислете двапати пред нешто лошо да направите што ќе ја повреди. Како прво - не заслужува да биде натажена, како второ - таа премногу вреди.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium