Бидете вистински пријатели

Доколку го сакате, веројатно ќе мислите на иднина помината со него. Најдобрите врски почнале со пријателство и на долги патеки се покажало дека трајните врски на пријателство ќе го издржат тестот на времето многу подобро одошто вашата врска да се темели само на сексуална привлечност.

Гледајте смешни филмови, зборувајте за вашите семејства, неговите проблеми, а во исто време, не заборавајте да флертувате со него за да го потсетите дека Вашето интересирање е многу повеќе од платонско.

Откријте ја својата личност

 Не плашете се да се покажете во право светло, такви какви што навистина сте. Кога жените се заљубени, тие се трудат да покажат интерес во сите сфери на љубовта и човекот кој го сакаат, до тој степен што ги напуштаат своите лични интереси и пријателства, поточно најчесто тие влегуваат во сенката на нивната врска. Внимавајте да не ја поминете границата, останате свои!

Покажете му дека ви значи

Доколку толку многу го сакате и сметате дека е посебен, тоа можете да му го покажете на различни начини. Ако сте во врска, едноставен допир, како што е држење за рака, допирање на рамената или давајќи му поддршка кога оди на подолг пат… се само неколку начини со кои можете да му ја покажете својата љубов. Бидете прва која ќе го сослуша и ќе му дава совети кога ќе се соочува со некој проблем.

Тоа ќе го засили неговото лично чувство и ќе му покаже дека за Вас е посебен и особено важен.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium