Љубовта е многу битен дел од животот на Рибите. Нивната несебичност и посветеност знае да оди до степен за самопожртвување, што не им претставува товар, но задоволство. Често знаат потребите на другите да ги ставаат пред своите. Како љубовници се нежни и романтични, а својот партнер до третираат со несебична посветеност и грижливост.

Прочитајте 5 причини зошто да се заљубите во лицата родени во знакот на Риби...

Тие се нежни

Рибите во врските се посветени, нежни и емотивни. Можеби делуваат мирно, но знаат да бидат страствени љубовници. Не сакаат краткотрајни врски и авантури. Често љубовта ги заслепува и се заљубуваат до уши. Посветени им се на своите партнери и знаат како да им посветат внимание. Сакаат да сонуваат и да се надеваат.

Молчењето е злато

Не случајно се вели „молчиш како риба“, затоа што овој хороскопски знак навистина знае да замолчи кога треба. Можеби затоа и премногу си ставаат товар на душата, па често знаат да бидат тажни и во тие периоди постојано плачат.

Верни пријатели

Рибите можат да ви бидат најдобри пријатели, а често ги ставаат потребите на своите блиски пред своите. За нив проблемите не се нерешливи. Тие се лојални пријатели, а чувствата ги ставаат на прво место. Често и премногу им веруваат на пријателите, па затоа и често се разочаруваат од луѓето. 

Фантазери

Тие се чувствителни, но и полни со сочувство. Знаат како да ги решат проблемите во семејството или врската. Тие се верни партнери и ценат романтика и труд. Тие посакуваат бајка која ќе трае вечно и која ќе има среќен крај.

Комуникација и разбирање

Рибите сакаат да комуницираат со партнерот, да му ги откриваат тајните, затоа што сметаат дека комуникацијата со саканите е најважна. Доколку си дојдете нервозни од работа, тие се првите на кои можете да им кажете се што ве изнервирало, затоа што тие ќе имаат разбирање заа вас.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа