Според најновото истражување кое е спроведено на Универзитетот во Квинсленд, Австралија, откриено е дека жените во 21 век преферираат мажи кои имаат нежно лице, а мускулесто тело.

Имено на 160 жени им биле покажани фотографии од мажи, а потоа биле запрашани кои им се најпривлечни. Повеќето од нив објасниле дека нивниот маж од соништата е силен, мускулест, висок, но со бебешка фаца.

Освен мускулите, жените ги привлекува и висината, но не толку колку нивната сила. А, се покажало дека најпривлечни за нив се темнокосите мажи.

Според Daily Mail, наклонетоста на ниедна жена не била насочена кон мажи кои се слаби.

 -Ефектот на висина и сила поттекнува од потсвеста на секоја жена до себе да има маж кој е здрав, јак и физички способен, додаваат истражувачите кои потенцираат дека ова е случај и со сите останати цицачи, а не само со човековите суштества.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium