Додуша, никогаш не ни излегоа од мода, но славните цокули Мартинки од деведесеттите се враќаат на голема врата оваа година.

martinki-05

Док Мартенс, славниот бренд на познатите чизми коишто во деведесеттите беа одраз на непокор, на анархија, а подоцна и моден знак на цели музички правци, оваа година ги враќаат на сцената како детал којшто е далеку од некогашната бунтовност. Сепак, за многумина ова ќе претставува вистински предизвик, особено за помладите коишто во дведесеттите беа премлади за да одбираат музички и модни правци, како и да креираат поглед кон животот.

martinki-02

Во врвот на нивната слава ги носеа Курт Кобеин и Сид Вишз, личности кои беа вистински одраз на она што овие чизми го претставуваат. Сега, Маринките ќе ви помогнат да бидете тренди, но да ги скршите модните правила. Секако, ќе треба малку и храброст да ги искомбинирате со вашите најмодерни парчиња облека.

martinki-03

martinki-04

martinki-01

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа