Чистењето на влакната од четката по чешлањето не е доволно за четката да биде чиста. На четката се собираат валкани честички, остатоци од козметички препарати и маснотија. Здравото влакно е основа за здрава и убава коса, а вашата коса не може да биде таква ако ја четкате со валкана четка.

cetka za kosa

За четката да биде чиста потребно е да ја перете барем еднаш месечно. Перењето е многу едноставно, а потребни ви се топла вода, неколку капки шампон и стара четка за заби.

Потопете ја четката за коса во врела вода. На четката за заби ставете неколку капки шампон, а потоа со неа исчистете ја четката за коса. Четката исплакнете ја со млаз ладна вода.

Не ја оставајте четката долго време потопена во вода бидејќи може да се оштети. 

По перењето поставете ја на пешкир со запците свртени надоле.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа